28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истражување на „Фокус“: СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ прва кај Албанците

Истражувањето на “Фокус” покажало дека според перцепцијата на граѓаните во овој момент, големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат партискиот рејтинг.

Внатрешниот раскол има тенденција да се преслика и на изборите. Доколку се случи да се појави нов политички субјект или поддржувачи на Никола Груевски да настапи на изборите со сопствени листи, како што се шпекулира во политичките кругови како можна опција, тогаш несомнено тоа ќе оди на директна штета на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето „Ако се ​​одржат изборите денеска, за која политичка партија би гласале“, за ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицковски се изјасниле 10,1 отсто, додека за новата партија од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски се изјасниле 9,2 отсто. испитаниците. За СДСМ предводена од Димитар Ковачевски се изјасниле 15,8 отсто од испитаниците.

Кај албанските политички партии ДУИ е стабилна и води со 6,2 отсто од испитаниците. За Коалицијата Алтернатива-Беса-ЛД се изјасниле 4,2 отсто од испитаниците, а за АзА 2,7 отсто од испитаниците.

После анкетата на ИРИ, ова е второ истражување кое покажува повисок рејтинг на Никола Груевски во однос на Христијан Мицкоски, но и во однос на Ковачевски. Иако Груевски има мала предност од 0,6%, од аспект на политичка анализа е вредно за одбележување.

Дали ова ќе стане тренд или е само краткорочна рефлексија на незадоволството на граѓаните генерално од сите политичари останува да видиме.

 

Related posts

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin

Бесими: Постигнавме договор со синдикатите за раст на платите, следи ребаланс на буџетот

admin

Македонија доби трет мобилен оператор

admin

Османи: Уставни измени или со цело ВМРО-ДПМНЕ, или со дел од неа

admin

Кои лица и материјали се појавуваат во досиејата за Епстин

admin

ДУИ: Македонија станува „третата српска република“

admin