13.8 C
Скопје
25 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Бугарија да одзема државјанства заради говор на омраза

„Натурализација врз основа на која е добиено бугарско државјанство може да биде откажана, ако лицето систематски и намерно го поткопува престижот на Република Бугарија, бугарските институции и националните интереси преку говор на омраза или извршило дејство од омраза против бугарската држава, нејзините граѓани и/или бугарските заедници во странство”.
Вака гласи предложениот нов став 5 кон членот 22 во Законот за измени и дополнување на Законот за бугарско државјанство, што го предлага бугарското Министерство за надворешни работи. Сите предложени измени се објавени на сајтот на МНР и на порталот за општествена консултација, можност која ќе трае до први декември.
„Целта на законскиот проект е да се создаде можност за откажување на натурализацијата во случај на намерни антибугарски манифестации од страна на лице кое се стекнало со бугарско државјанство”, се вели во Извештајот што го испратила до Владата вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел.
Според податоците на бугарското Министерство за правда од 2001 до 2022 година врз основа на бугарско потекло бугарско државјанство побарале 129.382 Македонци, а 99.340 од нив веќе го добиле.
Целиот текст на ДВ е достапен ТУКА

Related posts

Паричниците и онака „бојкотираат“ во јануари

admin

Над илјада институции не кажуваат колку возила имаат

admin

Македонските фудбалери настапија во црни дресови против Лихтенштајн

admin

По измените на Кривичниот законик реагира САД: Мора да покажете резултати

admin

Ахмети: ВМРО има прогресивни сили, време е да поминат уставните измени

admin

ЕУ: Твитер го напушта доброволниот пакт за борба против дезинформациите

admin