12.8 C
Скопје
28 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАСВЕТ

Видео од Украина се користи за да се прикаже употреба на фосфорни бомби во Газа, во „игра“ и видео од игри

Фотографии, видеа и други графички моделирани објави го преплавија јавниот простор, неточно прикажувајќи сегменти од конфликтот во Газа. Македонските медиуми се приклучуваат с неколку објави во кои пренесувајќи изјави и информации влегуваат во глобалниот воен дезинформациски простор. Па така, со видео во прилог се тврди дека Израел користи фосфорни бомби, додека милитантите од Хамас, кои го извршија нападот на Газа, добиле оружје од Украина. Како потврда користат фото и видео со логото на угледниот БиБиСи, за кое британскиот медиум демантира дека е негова продукција, туку се работи за злоупотреба на логото.

За само неколку дена од избивањето на воениот конфликт, настрада вистината и во македонските медиуми.

Фосфорни бомби

Израелската војска користи фосфорни бомби, но сега Западот молчи (видео)“ е насловот од една од објавите на македонските медиуми, каде пишува дека во Газа израелската војска употребила фосфорни бомби, кои имаат меѓународна забрана. Како потврда на информацијата, во текстот се пренесува изјава на палестинското Министерство за надворешни работи од социјалните мрежи. Потоа, авторот кој останува анонимен, коментира:

„За разлика од конфликтот во Украина каде излегоа видео снимки за користење на ова оружје од страна на Русија во борбите за Бахмут каде немаше цивилно население, и Западот бурно реагираше, сега е молк“, пишува во текстот.

Во краток текст на портал, се пренесува истата информација за користењето на фосфорните бомби, со видеото во прилог.

Меѓутоа, ова е дезинформација, додека употребеното видео е од март годинава, од местото Вуледар – Украина и прикажува како Русија користи запалива муниција.

Украина го снабдува Хамас со оружје

Преку изјава на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во објава на Телеграм текст на портал пренесува вест дека Хамас користи оружје кое и е дадено на Украина.

„Оружјето што западните поддржувачи на Киев активно и’ го доставуваа на Украина го нашле својот пат до милитантите на Хамас и сега „активно се користи во Израел“, е објавата на Медведев на Телеграма, што ја пренесуваат македонските медиуми.

Во текст на друг портал под наслов: „Со свој камен по своја глава – ќе се истражува потеклото на американското оружје што го користи Хамас“, се додава и изјавата на американската конгресменка од Републиканската партија Марџори Тејлор Грин, која во објава на Х (Твитер), бара да се испита потеклото на најденото оружје. И двата македонски портали пренесуваат вести објавени на повеќе други странски медиуми, кои се потпираат на објави на социјалните мрежи,  споделуваат лажно видео за да тврдат дека постои директна врска помеѓу војните што се водат во Украина и Блискиот Исток.

Всушност, овие медиуми поверувале на дезинформациите дека се работи за наводна објава од БиБиСи, потврдена и преку геолоцирање од истражувачката мрежа Белингкат. Видеото, кој исто така беше споделено на Фејсбук и Х, платформата порано позната како Твитер, го вклучува препознатливото лого со блок-текст на Би-Би-Си во бело, заедно со монтажа од фотографии и видеа од војници, воени возила и уништена инфраструктура следено од драматична музика.

БиБиСи објави дека е злоупотребено логото на медиумот, додека Белингкат демантираше дека дошле до потврда дека Украина продала оружје на Хамас.

„Свесни сме за лажно видео на БиБиСи кое кружи на социјалните мрежи во кое лажно се тврди дека Bellingcat ја потврдил продажбата на украинско оружје на Хамас. Ние не дојдовме до такви заклучоци, немаме такви тврдења. Би сакале да нагласиме дека ова е измислица и треба соодветно да се третира“, напиша Белингкат.

Инсерти од видео игри прикажани како ракетни напади

Во бројните дезинформации од настаните во Газа, проверувачите на факти верификуваа употреба на  видеа од играта Arma 3 за да го прикажат ракетните напади.

Видеото на Тик Ток е прегледано 3,5 милиони пати.
Во друго видео се тврди дека параглајдерист на Хамас добива струен удар додека се обидувал да слета во Израел. Меѓутоа, се работи за видео и настан којшто се случил во Јужна Кореја, а видеото првпат се појавило на интернет во јуни.

ЕУ ја предупреди мрежата Х

Европската Унија ја предупреди социјалната мрежа Х (Твитер) дека за војната помеѓу Израел и Хамас е употребена како платформа за ширење дезинформации и нелегални содржини. Мрежата, како што предупреди ЕУ, со тоа го крши Законот за модерирање содржини на ЕУ. Социјалната мрежа се соочува со казна од неколку милијарди евра, бидејќи подлежи на Европскиот закон за дигитални сервиси.

По оваа реакција, Х излезе со соопштение , во кое повикува на придржување кон стандардите на заедницата.

„За само три дена напишавте белешки видени десетици милиони пати…Белешките поврзани со нападите покриваат широк спектар на теми од снимки од војна надвор од контекст, до неповрзани или застарени видеа за протести/прослави, лажни видеа направени со симулатори на игри, тврдења за американско финансирање поврзани со конфликти, тврдења за конкретни настани што се случиле во конфликтот и многу повеќе“, реагираше Х и најави подобрување и поголема брзина во прегледувањето на објавените содржини.

Позната е изреката – „Во војната прва страда вистината“, затоа проверувачите на факти се особено внимателни со информациите кои доаѓаат од завојуваните страни, кои користат развиена технологија и вештачка интелигенција да го уверат светот во оправданоста на своите постапки.

В.К.

Related posts

„Кога мажот станува жена“ го преполни јавниот простор со поделби, говор на омраза и манипулација

admin

Светот низ карикатури

admin

Зеленски предложи компромис: Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции, кои не вклучуваат членство во НАТО

ninja

Пендаровски со втора реакција: Чудно е зошто ВМРО-ДПМНЕ не разбира што се случило во петокот

admin

Предизборни вработувања: Врие од огласи, се бараат “гласачи”

admin

Кој стави дамка на најважниот настан во државата – еден од најголемите донатори на ДУИ кој ја доби набавката, Османи или јавноста?

admin