12.8 C
Скопје
28 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

РСЕ: Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм

Владата ги исцрпува можностите за дополнително задолжување и зголемување на јавниот долг и треба да бара други алтернативи, вели за РСЕ универзитетскиот професор Зоран Ивановски по најавите за нови заеми во Буџетот за 2024 година, пренесува Инбокс7.

„Во однос на задолжувањето, факт е дека државата треба да обезбеди средства за финансирање на планираните јавни расходи, меѓу кои и покривање на отплатите на долговите. Се разбира, државата тоа го прави на најлесен начин преку задолжување. Сметам дека веќе мора посериозно да се размислува и за други алтернативи во делот на стратегија за фискална консолидација“, вели Ивановски.

Економскиот аналитичар Абил Бауш укажува дека Владата има, но не ги следи стратегиите за сервисирање на јавниот долг, кој надмина 8 милијарди евра.

„Сервисирањето на јавниот долг е еден вид стратегија со која Владата треба сериозно да се занимава. Тие имаат изработено стратегија за сервисирање на јавниот долг до 2025 година, која предвидува намалување на јавниот долг. Но, тоа стои само на хартија, а во реалноста ситуацијата е поинаква. Како држава ние позајмуваме за да го сервисираме стариот долг и за оперативни трошоци на државата. Ние не успеавме парите што ги позајмуваме да ги вложиме во капитални инвестиции за понатаму да имаме влијание врз економијата и да имаме одржлив економски раст. Ние немаме никаква визија како можеме да го вратиме тој долг или парите да ги користиме за понатамошни инвестиции кои потоа ќе генерираат приходи во општеството“, вели Бауш.

Државата следната година планира да се задолжи за нови 1,2 милијарда евра. Со парите од новите заеми, ќе се враќаат старите долгови, а ќе се покрива и буџетскиот дефицит за следната година проектиран на 545 милиони евра, според Буџетот за 2024 тежок 5,4 милијарди евра којшто го претставија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими на 14 ноември.

Јавниот долг во третиот квартал од оваа година изнесува 55,8 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), што е околу 8 милијарди евра, според податоците кои ги објави Министерството за финансии во октомври. БДП-то на Северна Македонија изнесува околу 13 милијарди евра, односно околу 7 илјади евра по глава на жител.

Откако Владата го усвои Буџетот за следната година, министерот за финансии Бесими рече дека јавниот долг ќе остане во рамките на 60 проценти од (БДП).

„Во однос на задолжувањето во текот на годината, веќе нема да има издавање на еврообврзница, бидејќи две години преговараме поволни услови за финансирање на Буџетот од Европската комисија преку макрофинансиска помош; 100 милиони евра од Светска банка и ОПЕК со закони кои веќе се поминати во Влада и Собрание; 90 милиони евра од развојната германска банка и други потенцијални финансирања, како од банката на Советот на Европа и 170 милиони евра од ММФ. Ова е пакетот за меѓународно финансирање на Буџетот за следната година и од домашното задолжување на пазарите“, изјави министерот Бесими.

Related posts

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

По изборите, нова можност за Скопје и Софија

admin

ФЗО – ПОЧНА ИСПЛАТАТА НА ПЛАТИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ

ninja

На Итната медицинска помош, итно ѝ требаат нови кадри: Бројот на тимови опаѓа, потребни се 52 нови

admin

Руски новинар осуден поради интервју за Радио Слободна Европа

admin

МЕЃУ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ, ЗАСКИТУВА И ПО НЕКОЈ УЧЕНИК?

ninja