2.8 C
Скопје
14 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 100 ДЕНА? КОВАЧЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДОГОВОРОТ СО ДУИ Е ТРАНСПАРЕНТЕН

Премиерот Димитар Ковачевски го потврди денеска договорот што го имаат со ДУИ од 2020 година, според кој во последните 100 дена на мандатот ќе има премиер етнички Албанец, пренесува Инбокс7.

Според Ковачевски, партиите кои споделуваат заеднички идеи треба да влезат во европската коалиција или фронт.

„Со ДУИ имаме јасен коалициски договор кој е јавен од 2020 година. Но, со нив се разговара за модалитетите, но сметам дека целта за реализација на европската коалиција, која ќе ја води широк фронт во однос на промовирање на таа идеја, тоа е клучното нешто што ќе ги обедини партиите на следните избори“, изјави Ковачевски.

Што се однесува до Алијансата за Албанците кои инсистираат самите да се натпреваруваат на изборите, Ковачевски вели дека кога се прават коалиции, важно е да се споделуваат заеднички вредности.

„Кога се формираат коалиции, важно е да се споделуваат заеднички вредности. Сметам дека Алијансата има капацитет да разговара на такви теми, имајќи го предвид нивниот кадровски потенцијал и нивните програмски определби“, изјави Ковачевски.

Прашањето за албанскиот премиер го потврди и потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи. Според него, нема простор за дискусија за ова прашање.

„Во последните 100 дена ќе има премиер предложен од ДУИ. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори. Не сме стигнале до таа фаза да разговараме како ќе бидат изборите во насока на која ќе бидат, со какви коалиции и слично и со кои кандидати. Сега сме во фаза на одредување на датумот на изборите и дали ќе бидат заедно или разделени. Последните средби што беа одржани со СДСМ беа исклучиво фокусирани на оваа тема“, рече Османи.

 

Related posts

Триесетдневен притвор за врховниот судија Наќе Георгиев

admin

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

admin

Собранието ги врати државните кампањи во медиумите

admin

Османи тужен, но не се појави на рочиштето

admin

Нова анкета: Се зголемува оптимизмот за ЕУ во С.Македонија

admin

Грозоморен инцидент во училиште во Ѓорче Петров: Првооделенци се обиделе да силуваат соученик со стаклено шише

admin