21.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мендух Тачи: Ако Мицкоски освои над 61 пратеник, ќе има конфликт

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во интервју за Клан Македонија, вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкокси сама, без Албанците ќе освои 62 пратеници, па партиите „Европски фронт“, каде што може да биде СДСМ, ДУИ, АзА и ДПА, не успеваат да добијат мнозинство пратеници, може да има конфликт меѓу Албанците и Македонците, пренесува Инбокс7.

„Сакам да бидам внимателен вечерва, не го кажувајте тој збор. Конфликт. Конфликт меѓу Албанците и Македонците! Секако. Дали навистина Мицкоски или македонската „длабока држава“ мисли дека сме толку запоставени? Погледнете што се случува со 33 илјади Срби на северот на Косово. Колку разговори, колку дијалози, колку надлежности, колку заедници? Да, овде сме 800-900 илјади. Зошто, стварно мислат дека така ќе си играат со нас?! Нема шанси“, рече Тачи. “Јас немам капацитет за заканувачки политички речник, туку ја зборувам реалноста. На што ќе го принудат албанскиот политички фактор, во кои чекори? Чекори што водат до заедници, автономија, ве молам, на Балканот сме многу блиску, но мислам дека нема да дојде до тоа“.

Тачи изразува резерви за кредибилитетот, според него, на лидерите на албанските опозициски партии бидејќи според него Изет Меџити до вчера бил дел од ДУИ, додека Билал Касами бил партиски лидер во коалицијата со СДСМ. Според Тачи, доколку не се постигне коалиција меѓу ДПА и ДУИ, тој и неговата партија ќе успеат да ја поразат албанската опозиција.

„Целосно, со Изет со… секаде ќе поминат полошо од ДПА. Тоа се моќни факти кои не можат да се елиминираат“, рече меѓу другото Тачи.

Имајќи го предвид фактот дека Талат Џафери е претседател на парламентот и доколку по претседателските избори, новиот претседател не би имал можност да положи заклетва во Собранието, со што претседателот на парламентот би ги извршувал должностите и на Претседател на државата, одлучено е Џафери да биде премиер во државата, а на чело на Собранието да биде Македонец. Ова беше главната причина, според Мендух Тачи, што Џафери е кандидат за премиер, за да се избегне можноста Албанците да водат со трите главни позиции во државата по изборите.

„Да беше некој друг Албанец сега на чело на владата, ние во мај ќе се соочивме со ситуација премиерот да беше Албанец, претседателот на парламентот да беше Албанец … Ова е компромисот. Претседателот на Собранието ќе стане Македонец, а актуелниот – претседател на Владата“, појасни Тачи.

Тачи во Клан Дебата рече дека во Северна Македонија недостига граѓански одговор на неправдите. Тој ја спомена „војната“ што му е направена нему и на неговата партија во сите овие години политичко постоење.

„Не можеме да ја обвинуваме само ДПА или Мендух Тачи зошто 21 година не ја победивме ДУИ. Дадовме труд колку што можевме, колку што имавме. Не удрија со сите дозволени и недозволиви средства и постигнаа резултати. Мислиш дека ги заборавам? Не…“, рече меѓу другото Мендух Тачи.

Тачи е убеден дека ДУИ на Ахмети е апсолутен фаворит за победа на изборите, дури и да излезе сама, без коалиција против сите.

Иако не сакаше да дава прогнози со бројот на пратеници, Тачи рече дека ДУИ убедливо победува во сите изборни единици, а додаде дека во ИЕ 1, 2 и 5 другите албански политички партии многу тешко ќе обезбедат макар и еден пратеник.

Народот, според Тачи, треба да го преиспита начинот на давање доверба, алудирајќи на мнозинскиот глас за ДУИ 20 години по ред.

Related posts

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

Димитриевски против протоколот на Курти: За каков соживот се боревме?

admin

Бејта се врати кај Ахмети, заедно во Горно-рекански средби

admin

Поглавјето за македонскиот јазик исклучено од преговарачката рамка со ЕУ, но неговото признавање повеќе ќе зависи од политичката волја

admin

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТАМОШНА СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

ninja

ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ВАДИ ОД КАЛ НЕПЛАЌАЧИТЕ НА СТРУЈА

ninja