-1.2 C
Скопје
20 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Не наседнувајте – нова измама преку WhatsApp

Пораки од американски броеви преку WhatsApp апликацијата стигнуваат до македонските корисници, во кои нудат хонорарна работа. Таргетираните корисници има се бараат лични податоци, фотографии од документи за наводно да се направи договорот за работа, за на крај да побараат уплата на сума за процесирање на документите пред започнување на ангажманот.

Пораките почнуваат со: „Добар ден, како сте?“, и ако продолжи конверзацијата се претставуваат дека се регрутери за работа во компании, за кои се нуди хонорарна работа. Имињата на компаниите не можат да се најдат на интернет,  ниту се познати пошироко. Не даваат јасни детали какво е работното место, туку продолжуваат со комуникацијата со барање за лични податоци. Најавуваат дека ќе пратат чек со одредена висока сума на пари и дека вишокот во однос на договорената плата треба да го префрлите на сметка во странство. При тоа нема никакво објаснување за каков трансфер на пари се работи, со што можеби влегување во шема на перење на пари.

Целата комуникација се одвива на WhatsApp, само преку непознат телефонски број со префикс од САД. Нема пишана комуникација на мејл, која може да води до откривање на нивните податоци. Од она што го споделуваат македонските корисници на WhatsApp, се работи за повеќе различни броеви.

Ова е само уште еден облик на фишинг на што предупредуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци дека се врши со цел  да добијат доверливи лични податоци како што се ЕМБГ, корисничко име, ПИН броеви и слично.

-За жал, голем е бројот на корисници кои не се запознаени со овој вид на измама. Штом еднаш ќе дојдат до доверливите податоци, злонамерните испраќачи или сами ги користат или ги продаваат, предупредуваат од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Препораките се на внимателност кон различните форми на пораки кои стигнуваат до вас, особено кога од непознати броеви, адреси се бараат вашите податоци или особено трансфери кои вклучуваат пари и пратки.

В.К.

Related posts

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

admin

ПОВИСОКА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

ninja

Таравари: Уставните измени ќе поминат, за во НАТО го чекавте Ахмети 20 години

admin

ЗАПАДЕН БАЛКАН ДОБРО СОРАБОТУВА НА ХАРТИЈА

ninja

Алармот на ДУИ индицира дека „планот на Заев“ не е мртов?

admin

Гордана Сиљановска- Давкова: Првата македонска претседателка

admin