4.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ременски: Палевски водел терористичка група, имале списоци за ликвидации

Универзитетската професорка од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски, во разговор за Гласот на Америка, смета дека треба да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто, според неа, нивните дејства се еднакви на тероризам.

„Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај“, изјави Ременски, пренесува Инбокс7. „Тие имаат позната криминалистичко-безбедносна и полициска историја, и не биле лица, коишто не биле претходно безбедносно третирани. Кога велам „безбедносно третирани“, мислам дека тие лица, во минатото во многу случаи биле предмет на еден постојан, континуиран оперативен надзор заради превенирање на вакви, слични планови коишто можеби биле и многу помонструозни“.

Сепак, Ременски прашува зошто надзорот врз нив не продолжил: „Зошто и како е дозволено тој оперативен надзор да не продолжи, на начин на којшто требало да биде третиран, е прашање за другите институции. Не само прашање за полицијата, туку и на безбедносно разузнавачката заедница, имајќи во предвид фактот дека тие се легитимен, како и секаде во Европа и во светот, легитимен таргет за крајно десен и крајно лев екстремизам, којшто е предворје на тероризам“.

Професорката е категорична дека ефектите од грабнувањето и убиството на ученичката Вања се тактики на тероризам: „Имате екстремна радикализација којашто се покажува со чинови на тероризам коишто, на почетокот можеби и не се квалификувани како тероризам. Еве, во овој случај имаме грабнување и убиство. Но, тие претставуваат и тактики на извршување на тероризам. Со цел да се предизвика општа, јавна вознемиреност, штети по социјалните односи, по меѓучовечките односи, недоверба во институциите, насочување на политички процеси“.

Според неа, секое спротивставување на стратешките интереси, како членството во ЕУ, и претходно, во НАТО, доаѓаат токму од тие про-руски структури, коишто го користеа тој голем македонизам за правење на најголемите злосторства и кон граѓаните и кон државата. „Со самото тоа што станавме реално гнездо на тие надворешни, странски, би кажала, највеќе руски влијанија. Од тука се влечат и логиките за неговата поврзаност токму со тие политички и условно кажано, патриотски структури коишто се крстат во мајка Русија“, додава Ременски.

Таа посочува и на потребата од пообемна истрага за целиот случај: „После ваквите случаи, треба еден сериозен, институционален, координиран, организиран план на безбедносно разузнавачката заедница, со полицијата и враќање на класичното оперативно работење на терен, по однос на сузбивање на сè што значи радикален говор повикување на омраза, убиства и ликвидации, за коишто сведочиме години наназад на социјалните мрежи“, вели Ременски. „Ниту едно насилство не почнува со збор. Но, факт е дека има многу индикатори коишто говорат дека ова, реално, зад завесата се случувало“.

Според професорката, можно е пензионерот Панче Жежовски да знаел за активностите на групата:„Од криминалистички и од оперативен аспект не држи до крај тезата дека 500-те евра долг и само земањето на автомобил, е причина за убиство. Тоа во ниту еден случај, во сите претходно истражени и докажани случаи на убиство, не може да биде причина. Затоа алудирам дека можеби тој бил дел од оваа петорка.. шестка.. не знам колку луѓе биле… Меѓутоа гледам по осомничените и приведените дека можеби го осуетил планот и претставувал ризик дека ќе бидат предадени од негова страна и бил предмет на ликвидација“.

Ременски посочува во истрагата да се земат објективно и сите семејни релации, вклучувајќи ги и однесувањата како на таткото, така и на мајката: „Дали мотивот е користољубие, убиство заради убиство, или има некои други, поголеми мотиви, тоа треба да го кажат надлежните институции да одговорат на сите овие прашања, меѓутоа во еден поширок формат, во којшто нема да биде поштедено од истражување и испитување однесувањето и на таткото, меѓутоа и однесувањето на мајката“.

„Ние сме традиционално општество и во основа, секогаш велиме: Како може, дали е можно? Таткото или мајката? Сите лични релации се второстепени во однос на докажување на објективноста, во настаните и прибирањето објективни докази. Емоцијата е второстепена“, вели Ременски.

Професорката, нагласува дека со целиот овој случај, безбедносните и разузнавачките служби во земјата се ставени на тест: „Ова е лекција и за безбедносно разузнавачката заедница. Да си ги преиспитаат нивните постапки, досегашни. Соодветноста на нивниот третман на овие структури. И, секако, да дадат одговор на прашањата зошто ова лице, и до сега, поради бројните криминални поведенија во минатото не било предмет на ниту една посериозна постапка за истрага, а, да не зборам, за процесирање со судска разрешница“.

Сепак, Ременски додава и дека не треба да се губи довербата во институциите: „Во сите институции има професионалци. Во сите институции има порив да се дојде до вистината. Наспроти други структури, коишто функционираат во истите тие институции, коишто можеби ја немаат истата цел“.

Има и порака и за идни постапувања кон, како што вели, безбедносните ризици за државата: „Да ги исчистиме сите структури коишто по принципот на труло јаболко знаат да направат дестабилизација на интегритетот на институциите. И, секако, да се фокусираме таму каде што сме застанале. Да продолжиме да ги држиме под будното око сите оние коишто во минатото се покажале дека биле и се безбедносен ризик за државата“.

Related posts

Муслиу: С.Македонија не може да функсионира со влада без победничката партија кај Албанците

admin

Коцката е фрлена за онлајн фирмите на Државна лотарија

admin

Новата Комисија на ЕУ – најважните факти

admin

11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

admin

Од Груевски лапна 5 милиони евра, па стана „шарен револуционер“, па од СДСМ џапна 2,5 милиони евра и сега е „свиркач“ и „укажувач на корупција“?!

admin

Груби и Рустеми ја притискаат кинеската „Синохидро“, патот Кичево-Охрид да заврши до крај на 2023 година

admin