10.8 C
Скопје
4 март, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

САД ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

САД ја повикуваат Србија да ги истражи наводите на меѓународните набљудувачи за изборни нерегуларности, изјави на прес-конференција портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

На прашањето на Гласот на Америка како гледаат САД на прелиминарните заклучоци од меѓународните набљудувачки мисии предводени од ОБСЕ, во кои се наведени бројни изборни нерегуларности, Милер одговори дека Вашингтон го разгледува тој прелиминарен извештај.

„Ја повикуваме Србија да работи со ОБСЕ за да ги реши овие прашања. Наводите за нерегуларности, пријавени од ОБСЕ и други меѓународни набљудувачи, треба да се истражат. Тоа не е прифатливо. Ќе продолжиме да ѝ го даваме јасно до знаење тоа на Србија и, како што реков, да ја повикаме да работи со ОБСЕ за решавање на овие проблеми“, рече портпаролот на Стејт департментот.

Меѓународниот набљудувачки тим, составен од членови на Мисијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Парламентарното собрание на ОБСЕ, во прелиминарниот извештај наведе дека изборниот процес бил поткопан од притисок врз гласачите, купување гласови, злоупотреба на јавните ресурси во кампањата, учество на претседателот, пристрасно медиумско известување во корист на владејачката партија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и комесарот за проширување Оливер Вархеји, исто така, ги повикаа властите во Србија да дадат веродостојни извештаи за неправилности.

Според првичните резултати на Републичката изборна комисија (РИК), СНС на вонредните парламентарни избори освоила 46,66 отсто.

Коалицијата Србија против насилство добила 23,7 отсто, СПС 6,56 отсто.

Кога станува збор за изборите во Белград, Градската изборна комисија во понеделникот објави дека листата предводена од СНС освоила 39,34 отсто од гласовите или 49 мандати, а листата Србија против насилство освоила 34,27 отсто од гласовите или 42 мандати.

Опозицијата во Србија не ги признава резултатите од изборите во Белград поради наводна кражба на гласови и бара прегласување.

Мариника Тепиќ од листата Србија против насилство започна штрајк со глад во седиштето на Републичката изборна комисија, а пред РИК веќе втора ноќ протестираат и други претставници на опозицијата и граѓани.

Related posts

Слободно договарање наместо обемна регулатива: Работата од дома сè поатрактивна, но државата да внимава на правото на избор

admin

„Бум“ на економијата на ЕУ, продолжува нагорниот тренд на раст (инфографик)

admin

120 години Илинден – чествување на историјата среде политички поделби

admin

Спасовски: Процесот е прашање на институции, не на поединец

admin

Независност 32 години: Каде бевме, до каде стигнавме?

admin

Дојче веле: М-НАВ – “семејно гнездо” на властодршци

admin