30.8 C
Скопје
25 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

пред 11 ч.

„Посакував фаќањето на злосторникот да оди брзо. Сега можам да кажам дека нашето заврши“, рече Спасовски и дополни дека постапката за екстрадициониот притвор ќе ја продолжи министерството за правда.

Спасовски информираше дека е поднесена и кривичната пријава против петмината осомничени за убиствата. Една за грабнување и убиство, тројца за соизвршителство при убиство и грабнување, и еден за помагање во грабнување. Кривичната пријава е на 100 страници.

Инаку, Љупчо Палевски- Палчо е транзициски бизнисмен, контроверзен градежник, политички функционер и лидер на партија, сопственик на медиуми, измамник, насилник, а според полицијата и обвинителството, и убиец.

Палевски и стана познат на јавноста по дивоградбата Тифани, која подоцна беше легализирана.

Следуваше негов кус ангажман како претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, на почетокот на 2000-те години, а потоа, долго меандрирање по рабовите на општеството, меѓу радикалната десница и конспирациите, сѐ до криминалното подземје.

Related posts

Политичка ликвидација во САД – маскиран како полицаец, убиецот ги застрела највлијателните демократи во Минесота

admin

Платата испарува на „храна и пијалоци“ – месечните трошоци стигнаа 63.908 денари!

admin

Наследник на Трас: Сунак обезбеди поддршка за кандидатурата

ninja

ПОТРЕБАТА ОД СУШТИНСКИ РЕФОРМИ ВО ЛАВИРИНТИТЕ НА ПАРТИСКИОТ ПРИСТАП

admin

МФ: Издадена 22-та емисија Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

admin

Цвета градежниот бизнис (статистики)

admin