14.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Штајнмајер бара граѓаните да не ѝ вртат грб на демократијата

Во божиќното обраќање до нацијата, германскиот претседател констатира дека токму оваа година светот си ја покажал својата „темна страна”. Тој порачува дека луѓето може да најдат и „подобри советници од бесот и презирот”.

Претседателот Франк-Валтер Штајнмајер ги предупреди Германците да не ѝ вртат грб на демократијата. „Да, ние копнееме за јасност. Да, оправдано е од политички одговорните да се очекува да стремат кон вистинскиот пат, но и да понудат одговори кои ќе ни помогнат како земја“, рече Штајнмајер во овогодинешното божиќно обраќање. Граѓаните имаат право да очекуваат соработка меѓу демократите кога се работи за заедничката голема слика. „На многумина тоа им недостигаше. Некои го вртат грбот, други напаѓаат сѐ и секого“, рече тој.

Но, кога во демократијата станува напорно, за народот постојат и „подобри советници од бесот и презирот“, нагласи германскиот претседател. „И подобри од оние кои се однесуваат како да има секогаш едноставен одговор за прашањата за иднината. Меѓу добрите советници се храброста и соживотот”, рече тој и додаде дека тоа подразбира и да се земат сите луѓе предвид. „Може да напредуваме само со заеднички сили, а не ако секој се повлече во својот свет“, порача Штајнмајер.

Годинава светот се покажа од својата темна страна. Видовме страдање и деструкција, рече Претседателот. Прво го спомена нападот на Русија врз Украина. „ А од есеноска со ужас сведочиме на злосторствата на Хамас и жртвите од војната на Блискиот Исток.Годинава и во нашата земја нѐ остави со многу отворени прашања“, рече тој и додаде дека некои граѓани со скепса гледаат на државата и политиката, други пак се загрижени за иднината.

Штајнмајер на луѓето во Германија им порача сепак за време на празниците да ја затворат вратата и да уживаат во времето со своите најмили. Тој упати благодарност до сите оние кои се на служба за да може „сите ние да славиме безбедно”. Штајнмајер ги спомена полицијата, противпожарните служби и персоналот во клиниките, домовите и другите установи кои и на празнични денови „се грижат за други луѓе, луѓе во нужда, луѓе без покрив над главата! Ви благодарам што сте тука“.

Претседателот потсети на тоа дека Германија во претстојната година ќе прослави 75 години демократија. „Можеме да се гордееме со нашиот Устав“, рече Претседателот и додаде дека таквата основа „досега добро ѝ служеше на нашата земја” и тоа ќе го прави и во иднина. „Почесто да се потсетуваме дека Германија е и останува добра земја.“/DW

Related posts

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА „ТАРГЕТ -ТВРДИНА“

ninja

АГЕЛЕР: ЕДНО ИЛИ ДВЕ ИМИЊА ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА НА „ЦРНАТА“ ЛИСТА НА САД

ninja

Кренар Лога: Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија

admin

БОРИС ЏОНСОН: ПУТИН ЛИЧНО МИ СЕ ЗАКАНИ

ninja

Протести против “шок терапијата” на Милеи

admin

Ирскиот премиер во Скопје порача дека зачленувањето во ЕУ е државна цел

admin