36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

Европските парламентарни избори во јуни 2024 година би можеле да бидат исто судбоносни како и претседателската трка во САД, предупреди високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел.

Тој за „Гардијан“ изјави дека верува оти стравот на гласачите од непознатото може да ги наведе да ги поддржат десничарските популистички партии.

„Се плашам од страв, се плашам дека Европејците ќе гласаат врз основа на страв. Партиите кои можат да играат на стравот кај луѓето и да даваат лоши одговори на добри прашања, можат да ја привлечат поддршката на европското население“, рече Борел.

Шефот на европската дипломатија вели дека прифаќа дека постојат и реални и согледани причини за загриженост, но ги повика гласачите да ги поддржат политичките сили кои можат да дадат јасна анализа на ситуацијата.

Борел се осврна и на моменталната состојба на проектот на ЕУ на крајот на годината помеѓу две војни, едната во Украина, а другата во Појасот Газа. Тој рече дека двата конфликти ја загрозуваат иднината на Унијата, а во случајот со Украина, дека стравува од пораз доколку не дојде до брза промена на курсот.

Борел рече дека не гледа знаци дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да запре, па дури и да се задоволи со договор што ќе и овозможи на Москва да го задржи источниот дел на Украина. За ситуацијата во Газа, тој рече дека Хамас не е само воена сила, туку идеја и како таква може да се победи само со подобри идеи, а не само со бомби.

Related posts

Борел со јасна порака до Дачиќ: Прорускиот став и евроинтеграцијата не одат заедно

admin

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата нема двотретинско мнозинство: ДУИ и СДС “барајќи рогови ќе ја изгубат и главата”

admin

Законот за практиканство – мост меѓу младите и работодавачите, но недостига инспекциски надзор и јавна промоција

admin

ОН: КЛУЧНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА ДЕНЕС СЕ ПОТЦЕНЕТИ, НЕДОВОЛНО ПЛАТЕНИ И ЗЛОУПОТРЕБЕНИ

ninja

Православните христијани го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање

admin

Се разгорува војната меѓу Русија и Украина: Повеќе од 40 руски бомбардери оштетени во масовен напад со дронови

admin