16.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Гаши: Бојкот на Собранието, ако не биде изгласан нашиот кандидат за член на ДИК

Претседателот и пратеник на Алтернатива, Африм Гаши изјави дека ќе го бојкотираат работењето на Собранието доколку до 31 декември не биде изгласан нивниот кандидат за член на Државната изборна комисија Абдуш Демири, јави РСЕ.

Неговата изјава следува по објавената едночасовна пауза на седницата на Комисијата за прашања на именувањата и избори по тензичната атмосфера во салата, откако пратеничката на албанската опозициска коалиција Сафије Садики Шаини побара да не биде изгласан предлогот за член на ДИК Зулфи Адили, поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, што пак беше одбиено од членовите на партиите од власта.

„Доколку до 31 декември не биде изгласан нашиот кандидат за член во ДИК ќе го бојкотираме Собранието. Најпрвин нема да учествуваме во работата на Собранието, нема да присуствуваме ниту на седниците на комисиите ниту на пленарни седници, а ќе алармираме и кај граѓаните и кај меѓународниот фактор. После 31 декември освен бојкот на Собранието, ќе ги преземеме сите демократски мерки нашето право да дојде на свое место – да го имаме нашиот член во ДИК“, рече Гаши.

Кога е јасен законот, потенцира Гаши, не можете се да терате на сила, затоа што, како што рече, имате еден глас повеќе во Комисијата за именувања и избори.

„Продолжува циркузот и маскарадата на манипулација за одземање на правото на албанската опозиција да има свој член во ДИК. Оваа е наше право одредено со закони, ова никој не може да ни го одземе. Мене ми е жал што претседателот на Собранието заедно со претседателката на Комисијата за именувања и избори сакаат да го манипулираат процесот“, изјави Гаши.

Наместо претседателот на Собранието да поднесе барање и писмо до опозициските партии на Албанците, наведе Гаши, праќаат писмо и до една новоформирана партија што е незаконски, затоа што Изборниот законик повикува на политички партии кои учествувале на последните парламентарни избори. Таа партија пак, додава Гаши предложила за член на ДИК да биде членот од Алијансата за Албанците, Зулфи Адили.

„Сите знаат дека тој е член на Алијансата за Албанците, партијата која е дел од владејачкото мнозинство“, вели Гаши и нагласува дека доколку немаат член во ДИК ќе им бидат ускратени сите права и рече дека таа битка ќе биде далеку несоодветна и нерамноправна.

На околу четири месеци пред избори, пратениците треба да изберат кој ќе го пополни испразнетото место, што во февруари го испразни Кренар Лога, кој стана министер за правда, кога неговата партија Алијанса за Албанците реши да влезе во владејачката коалиција.

Местото и припаѓа на албанската опозиција, а таа излезе со поддршка за двајца различни кандидати.

Зад Абудуш Демири застана коалицијата Европски сојуз за промени. Зулфи Адили, пак, доби поддршка од Европската демократска партија на Аријанит Хоџа, кој пред да ја формира оваа партија, беше дел од Беса. Идниот член на ДИК треба да се избере на пленарна седница со двотретинско мнозинство, односно 80 гласа „за“.

Related posts

Пронајдена дрога во Ѓорче Петров, приведен дилер

admin

Мега-извозен центар во Скопје, Даути: Ги отвораме портите на европскиот пазар за домашните производи

admin

Османи: Целиме до ноември, но за уставните измени ќе работиме до крајот на мандатот

admin

Предложен новиот амбасадор на ЕУ во Скопје: Заминува Гир, доаѓа Рокас

admin

Главоболки за Путин: Индија не купува повеќе руска нафта

admin

ЕУ со нов план за економски раст на Западен Балкан

admin