17.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Рашела Друмер: Наама е со македонско потекло, молиме Македонија да помогне да ја спасиме од Хамас

Давање македонско државјанство за 19-годишната Наама, која има далечно македонско потекло, е можен спас од нејзиното заробеништво кај Хамас, апелира Рашела Друмер Леви, израелска професорка. До сега, како што вели, не добиле официјален одговор од македонските власти.

Наама Леви, 19-годишната Израелка која припадници на Хамас ја киднапираа на 7 октомври, сè уште е во заробеништво во Газа. Израелската професорка Рашела Леви Друмер, вели дека биле упатени барања до македонските власти да асистираат за ослободувањето на киднапираната девојка.

Основа за тоа барање е далечното македонско потекло на 19-годишната Наама, за која се вели дека има македонски корени поврзани со нејзината чукун-баба, родена во Скопје.

Професорката Друмер, која исто така е со македонски корени, деновиве е во Скопје, и се надева дека ќе успеат во мисијата за ослободување на Наама.

„Не се знае ништо за неа, немаме никаква информација. За жал. Многу се надевам дека Наама, како правнука на баба ѝ, која била родена во Скопје, ќе добиеме поддршка од Македонија, за на хуманитарна база, ако успееме, Македонија да ѝ даде на Наама македонско државјанство. Веруваме дека тоа може да ѝ помогне да биде ослободена“, вели Друмер.

Глас на Америка: Дали добивте некаков одговор од македонските власти или некаква назнака дека ќе помогнат?

„За жал, не добивме ништо официјално. Пробавме, но за жал во моментов, нема ништо официјално. Ќе пробаме во секоја можна прилика. Знаeме дека тоа е до министерството, и до претседателот на државата. Многу би сакала… Молиме, Македонија да помогне“, додава Друмер.

Професорката, воедно има барање до македонските власти и официјално да го поддржат ослободувањето на лицата од Израел што Хамас ги држи како заложници.

Наама Леви е 19-годишна девојка со македонски корени. Хамас ја киднапирал на 7 октомври при упадот во Израел. Нејзината мајка Ајелет Леви бара спасување на ќерката.

„И мислам дека има место за Македонија, како држава пријател да даде една официјална изјава со која поддржува ослободување на сите заробени што се во Газа. Многу држави низ светот дадоа таква изјава. И, од Македонија, со која се чувствуваме како два блиски народа очекуваме да го чуеме тој глас“, додава Друмер.

Во заробеништво кај Хамас сè уште се останати 137 киднапирани Израелци. Меѓу нив е и 19-годишната Наама Леви./VOA

Related posts

ТРНЛИВ ПАТ ДО АВТОПАТ

ninja

ЗОШТО ВО БУГАРИЈА ПАК ЕЧИ „МАКЕДОНИЈАААА!“

ninja

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja

Ковачевски: Прифаќањето на уставните измени им дојде како шок, ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процесот

admin

Има ли Украина „валкана бомба“ и која е целта на тоа оружје?

ninja

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

admin