21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Руски дипломат протеран од ЕУ во чистка на шпиони сега е набљудувач на ОБСЕ на изборите во Србија

Руски дипломат и наводен шпион протеран од ЕУ поради „незаконски и вознемирувачки дејствија“ ќе работи како набљудувач на изборите за претстојните парламентарни и локални избори во Србија, во рамки на мисијата на најголемото безбедносно тело во Европа, откри истражувањето на РСЕ.

Александар Студеникин (49 годишен) беше наведен како советник во постојаната мисија на Русија во ЕУ во Брисел, кога тој и уште 18 руски дипломати беа означени како персона нон грата во април 2022 година по целосната инвазија на Русија на Украина два месеци претходно.

ЕУ соопшти дека руските дипломати на црната листа учествувале во активности „против интересите и безбедноста на ЕУ и нејзините земји-членки“.

Сега Студеникин е меѓу групата од 30 набљудувачи на избори, кои ја претставуваат Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за парламентарните и локални избор во Србија на 17 декември.

Во медиусмките извештаи претходно се тврдеше дека Студеникин бил вработен во Руската надворешна разузнавачка служба, позната како СВР. Висок европски функционер со пристап до доверливи информации, за РСЕ, исто така, изјави дека Студеникин работи за СВР, иако самиот Студеникин негира какви било врски со разузнавачки служби.

Студеникин е еден од четворицата Руси на списокот на долгорочни набљудувачи со набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР).

Овие набљудувачи се одговорни за следење на целиот изборен процес, „стекнување на е длабинско разбирање за севкупните административни процедури и опкружувањето на кампањата“, според ОБСЕ.

Групата вклучува и набљудувачи од Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Германија, Франција, Данска, Белорусија и уште седум други земји.

Додека задачата на Студеникин во Србија е привремена, балканската земја стана дестинација за руските дипломати исфрлени од ЕУ.

 

Целиот текст е достапен ТУКА 

Related posts

„Ова веќе не е демократија“ – Радев ја тресе Бугарија со драматична оставка

admin

Снегот го наруши јавниот превоз во Скопје, дел од приградските линии со скратен режим

admin

ПРВИОТ ЧОВЕК НА МАНУ ГИ ПОВИКА ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГЛАСААТ ПРОТИВ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja

Остин до Кина: Не бараме конфронтација, но нема да се воздржуваме пред силеџиството

admin

КРИЗАТА ГИ НАТЕРА ГРАЃАНИТЕ ДА ШТЕДАТ

ninja

Трагедија во Либија: 5.100 загинаа, тела се насекаде, внатре во куќите, на улиците, на море

admin