3.8 C
Скопје
21 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети против Курти: Се меша во нашите внатрешни работи

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во понеделникот вечерта во емисијата „Топ стори“ на албанската Топ Чанел телевизија, изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во внатрешните работи на Албанците во Северна Македонија, пренесува Инбокс7.

„Еди Рама не се меша во внатрешните работи на политичката организација во Македонија, тој направи напори да ги зближи партиите во Македонија. Благодарен сум, благодарен за овој пристап. Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен и патриотски“, рече Ахмети, споменувајќи го ангажманот на Курти во претседателските избори во Северна Македонија во 2018 година.

Тој рече дека меѓународните претставници изразиле загриженост поради плановите на Курти да основа политичка партија во земјата.

„Не знам дека таа партија е основана, но интерес пројавија многу од меѓународната заедница. Им кажав дека тоа е демократија. Ме ставија во прилично тешка ситуација, зошто ме прашаа дали Курти се жали кога Вучиќ врши политичка активност на Косово, како го објаснувате тоа. Ме оставија без зборови“, рече Ахмети.

Запрашан дали би бил подеднакво загрижен доколку Курти ја поддржи ДУИ, Ахмети одговара:

„Не сум барал никогаш поддршка од Албанија и Косово. Имав контакт со сите партии, но пред се со државата“.

Запрашан дали вмешаноста на Курти може да влијае на изборниот резултат, бидејќи тој е промотор на обединувањето на Албанците, Ахмети вели:

„Јас сум милитант на ова поле на делување. Околностите се сменија. Бев за обединување, но во политиката треба да се биде реален. Косово стана независно, сега треба да биде прифатено во интернационалните организации, бидејќи Албанија и Македонија влегоа во НАТО. Не барам ништо повеќе од стандардите што Европа ги постави, да се тргнат границите, како во европските земји“, рече Ахмети.

 

Related posts

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

Мигранти од Централна Азија војуваат против Украина за Руско државајнство

admin

Груби: Процесот на децентрализација ги опфаќа идеалите на еднаквост, толеранција и социјална кохезија

ninja

Русија забележува пад на поддршката на САД за Украина

admin

РАДЕВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ДА СЕ ДРЖИ ДО ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА

ninja