23.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Новинарката на РСЕ, Алсу Курмашева 100 дена во руски притвор: „Сè помалку е подносливо“

Алсу Курмашева добива писма во затвор – од семејството, пријателите, колегите и странците, но понекогаш им требаат недели за да стигнат до неа во истражниот затвор во рускиот град Казан.

Новинарката на Радио Слободна Европа, како што пишува од затвор, на 13 јануари по долга пауза за време на зимскиот распуст добила голем пакет писма.

„Ми беше многу тешко без нив. Всушност, сето тоа полека, но сигурно станува помалку подносливо“, пишува Алсу.

Денеска, 25 јануари, се навршуваат 100 дена откако Курмашева беше уапсена во октомври и ставена во притвор.

„Дури и еден ден неправедно зад решетки е трагедија, но американски државјанин 100 дена незаконски да биде во руски затвор е невидено“, изјави вршителот на должноста претседател на РСЕ/РЛ, Стивен Капус.

Курмашева прво беше обвинета дека не побарала од руските власти да ја регистрираат како „странски агент“, а потоа два месеци подоцна беше обвинета за ширење невистини за руската армија.

Обвинението за „странски агент“ предвидува максимална казна затвор од пет години, додека втората точка предвидува казна до 10 години.

Курмашева и РСЕ ги негираат обвинувањата и наведуваат дека Москва ја казнува за нејзината новинарска работа.

Кумаршева, која има двојно државјанство на САД и Русија, не и беше дозволено да ја посетат претставниците на амбасадата во затворот. Русија одби три барања на САД за посета.

„Русија треба да и даде безусловно и итно ослободување. Се надеваме дека американскиот Стејт департмент брзо ќе ја означи Алсу како „незаконски притворена“, вели Капус.

Иако тоа не се случи, портпаролот на Стејт департментот Метју Милер на 18 јануари рече дека Соединетите Држави посветуваат „огромно внимание“ на случајот на Курмашева.

„Фактот што не сме донеле одлука за „незаконски притвор“ не кажува ништо за работата што ја работиме или каква би можела да биде нашата идна позиција. Постојано собираме информации за сите овие случаи, ги оценуваме фактите, го оценуваме законот за да ни помогне за да дојдеме до она што на крајот ќе биде вистинската одлука“, рече Милер.

Во сличен случај, американскиот државјанин Еван Гершкович, известувач на The Wall Street Journal, беше приведен во Русија на 29 март 2023 година под сомнение за шпионажа. Ова беше првпат по Студената војна во Русија под такви обвиненија да биде уапсен новинар кој работи за американска медиумска куќа. Тој беше официјално обвинет на 7 април.

Американскиот Стејт департмент на 10 април го прогласи Гершкович за „незаконски притворен“, а американската амбасадорка во Русија Лин Трејси првпат го виде во затвор на 17 април.

Гершкович, еден од ретките странски новинари кои продолжија да работат во Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, е во притвор поради шпекулациите дека Кремљ сака да преговара за размена на затвореници.

„Сигурен сум дека вистинската причина што Алсу е во притвор е тоа што таа е американски државјанин“, рече Павел Буторин, сопругот на Курмашева и шеф на Current Time, медиумски проект на руски јазик кој го води РСЕ во соработка со Глас на Америка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

Пендаровски ја советува Владата да не брза со уставните измени

ninja

Пинг-понг со измените на Законот за рестриктивни мерки

admin

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

ВИРАЛНО, АМА ОПАСНО ПО ЖИВОТ: СЀ ЗА ОНЛАЈН СЛАВА

ninja

ЕУ организира 6 нови хуманитарни летови со воздушен мост за Газа

admin

Најновиот стелт-бомбардер е нуклеарен и само што го направи својот прв лет

admin