8.8 C
Скопје
8 октомври, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

СКУП Македонија продолжува со следењето на имотната состојба на функционерите

Почитувани, читатели и подржувачи на работата на Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија,

Особена чест и задоволство ми е да споделам информација со вас дека нашата Организација и годинава продолжува со проектот „Колку се богати функционерите“. Веќе активно работиме на новата платформа, која треба да биде еден активен чинител и многу моќна алатка во превентивната борба против корупцијата.

Тајнината или тајноста е мајка кај што се раѓа корупцијата. Таа најдобро се бори со јавност, односно јавно обелоденување на имотната состојба на функционерите. Корупцијата влегува во кривичните дела од економскиот криминалитет. Целта на секој корумпиран функционер е да оствари противправна имотна корист од корупцијата. Обзнанувањето и следењето на имотните состојби на функционерите, како прво ќе ги одврати од вршењето на некои коруптивни активности, второ кога веќе знаат дека нивната имотна состојба се следи потешко ќе се одлучуваат на таа корупција.

Проектот оваа година е подржан од Амбасадата на Соединетите американски држави. Проектот во оваа фаза предвидува следење на имотите на функционерите од највисок ранг. Овде акцент ставаме на непосредно избраните функционери, како пратениците, претседателот и градоначалниците. Нивните финансиски промени и пишувањата на медиумите на функционерите, поврзани со имотните состојби на нив и на лицата поврзани со нив ќе бидат под лупата на СКУП Македонија.

Главна цел на овој проект е подигнување на свесноста при трошењето на јавните пари. Истотака ќе ја зголемиме транспарентноста имотните состојби на функционерите, што во иднина ќе биде една моќна брана, за превентивна борба против корупцијата.

Во таа борба против корупцијата добредојдени се и граѓаните. Што повеќе ја пријавуваме корупцијата, што повеќе ги пријавуваме имотите на функционерите и нивните блиски, толку помали се прозорците и начините за злопотреба на државните ресурси.

Специфична цел на проектот ни е и зголемување на свесноста на граѓаните за заедничките добра. Мораме многу повеќе да известуваме за неправилностите и злоупотребите. Државата има систем, општеството има механизми. Ние сме подготвени да се впрегнеме во една таква задача. Ајде заедно да направиме подобра средина за идните генереции. Нека нашата цел Северна Македонија без корупција стане подостапна за идните генерации.

 

Со почит,

Горан Лефков, претседател на СКУП Македонија

Related posts

Па, оттука, што и да било, како и да било, зошто баш нему, на Mицкоски, и кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел – приказна ќе има

admin

Историска фарса

admin

За извештајот до скрининг процесот за Северна Македонија

admin

Интеграција пред членство – менување на пристапот “сѐ или ништо”

admin

Отворен Балкан, Хроника на една предскажана смрт

admin

СЕДИ КЕЦ!

admin