5.8 C
Скопје
12 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тасевски: Упадот во Контролата за летање е рамно на тероризам

Во нормални земји, еден таков чин би се сметал веројатно за тероризам, вели претседателот на синдикатот на контролорите за летање, Александар Тасевски во разговор за Гласот на Америка и тврди дека менаџментот ја деградира професионалноста на службата, пренесува Инбокс7.

„Не е тоа влегување во продавница, па да може да се шета кој сака. Во нормални земји, еден таков чин би се третирал веројатно како терористички напад“, посочува Тасевски.

Во однос на нарушување на безбедноста, Тасевски вели дека треба да се прима професионален кадар во институцијата.

„Директорите се фалат дека безбедноста не е загрозена, дека безбедноста е на ниво. Тоа не е благодарение на нив, тоа е благодарение на нас, професионалците. Ние поради тоа бараме сите селекции да бидат направени професионално“, вели синдикалецот.

За стравувањата, пак, дека сегашните случувања во Контролата за летање можат да ја загрозат безбедноста на авио-сообраќајот, Тасевски вели дека како професионалци самите ќе го затворат небото, ако дојде до некоја таква ситуација.

„Ние, како контролори на летање, како професионалци нема да дозволиме да дојде до таква (безбедносна) ситуација. Првиот момент кога ќе увидиме дека постои и најмала шанса за нешто да биде надвор од нашата контрола, од тоа што треба да го сработиме, ние самите ќе бидеме тие што ќе алармираме и ќе го затвориме воздушниот простор не поради штрајк, туку поради безбедносни причини“, вели Тасевски.

Тој упатува критики до менаџерскиот тим.

„За да можеме понатаму да продолжиме со таков тек и да го подобриме тоа треба и самиот менаџерски тим да работи во таква насока. Не со години наназад да ни го деградира квалитетот на кадарот што се прима кај нас, а со самото тоа и да ни ја отежнува нашата работа“, вели Тасевски.

Укажува и дека промената на раководните структури треба да биде според професионалноста и покажаните резултати.

„Директор не се менува заклучно со тоа како ќе се смени власта. Ако некој е квалитетен директор, без разлика дали една или друга партија победила на избори и формирала влада, тој треба да продолжи со работа доколку дава резултати. Доколку не дава резултати, треба да биде разрешен“, вели Тасевски и додава:

Сепак, првиот синдикалец на контролорите на летање критикува дека во службата се вработени и нестручни лица.

„Во другите служби во нашата фирма веќе преовладува таа нестручност. Лица коишто ние со години ги знаеме дека и порано работеле. Отсутни се, ги нема, пијат кафе, не доаѓаат на работа. Некој сето тоа го прикрива“, вели Тасевски.

Од синдикатот на контролата на летање се заканија и дека, доколку владата не ги разреши сегашните директори на Македонската навигација до вторник, од среда, 10 јануари стапуваат во штрајк и го затвораат македонското небо за секаков вид авиосообраќај.

„Остануваме на ставот дека прво треба директорите самите да дадат оставка, од морални причини доколку воопшто покажат дека има некаква доблест во нив. Доколку не го направат тоа, Владата да ги разреши на наредната седница да направи соодветен конкурс каде што ќе се овозможи пријавување на кадар и каде што ќе се изврши некаква нормална селекција“, рече Тасевски во разговор за Гласот на Америка.

Беким Незири, советник во М-НАВ и координатор на партијата ДУИ во скопски Чаир, беше изведен пред судија на претходна постапка со уште неколку лица кои завчера попладне упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром. Засега не е познато со каква квалификација на делото односно кривична пријава ќе оди МВР за Незири и останатите учесници во упадот во М-НАВ и нападот на контролори на летање кое ја шокираше домашната јавност.

Според правните експерти, делото може да се квалификува како загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај која е опфатена со член 303 став 2 а за кое е предвидена казна од најмалку пет години затвор.

МВР соопшти дека упадот во зградата на контролата на летање се случил во четвртокот во 15.15 часот, а апликацијата „Флајтрадар“ покажува дека во тој период на македонското небо имало неколку авиони во прелет, еден кој бил во приод кон скопскиот аеродром и еден кој требало да полета кон Турција.

Related posts

Недостиг на работници: Околу 10 илјади слободни работни места

admin

„Крајот на Шенген“: Новите гранични контроли на Германија го ставаат на ризик единството на ЕУ

admin

Вечерата на кралот Чарлс од 500.000 евра предизвика дупка во буџетот на Франција

admin

ЗЕЈНЕЛИ: ЗБОРОТ РЕФОРМА Е ЛЕСЕН ЗА ИЗГОВОР, НО ТЕЖОК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ

admin

Таравари по одлуката Албанија без Северна Македонија да продолжи кон ЕУ: Последици на претходната Влада

admin

„Не“ за рудници во дворовите, не покрај нивите – Повик за гаранција за еколошки параметри во првата Стратегија за рударство

admin