11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Макрон бара од Израел воздржаност во Либан

По убиството на вицешефот на Хамас во Либан, францускиот претседател Емануел Макрон од Израел бара воздржаност.

Францускиот претседатл Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц побарал воздржување од „секакво ескалирачко однесување, особено во Либан“. Според соопштението од Елисејската палата, Франција ќе им ја пренесува ваквата порака и натаму „на сите директни или идндиректни актери во регионот“.

Макрон во разговорот со Ганц го повторил барањето да се работи на „траен прекин на огнот“ меѓу Израел и Хамас со помош на „сите регионални и меѓународни партнери“. Покрај тоа, Макрон уште еднаш ја изразил својата „најдлабока загриженост за многу високиот број на убиени цивили“ и „апсолутната вонредна хуманитарна состојба“ во Појасот Газа, соопшти Елисејската палата. Во исто време, францускиот претседател ја потврдил „посветеноста на Франција за безбедноста на Израел“.

Неколку часа претходно, во напад со беспилотно летало беше убиен заменик шефот на милитантно исламистичката палестинска организација Хамас, Салех ал-Арури. Нападот врз канцеларијата на Хамас на периферијата на либанската престолнина Бејрут му се припишува на Израел. Израелската армија не го потврди нападот и рече дека „не ги коментира информациите дадени од странските медиуми“.

Ова е прв нападот во главниот град на Либан од почетокот на војната. Досега, судирите меѓу израелската армија и либанската милиција Хезболах- сојузник на терористичкиот Хамас – беа ограничени на пограничните области во јужен Либан.

Хезболах најави одмазда по смртта на Ал-Арури и уште истата вечер изврши напад врз Израел./DW

Related posts

Нов спор меѓу Софија и Скопје: Бугарија остро реагира за случајот со Ива Михајлова

admin

Радев: Со Македонија немаме нерешени билатерални односи

admin

Франција предлага нова ЕУ дипломатија: Поголема моќ за Каја Калас

admin

Мицкоски поднесе законски измени за трансформација на Владата

admin

Мицкоски и Филипче одржаа средба за политичка соработка и реформска агенда

admin

АНКЕТА: БУГАРИЈА Е ЗАКАНА, А ЕУ Е НЕФЕР И НАДМЕНА

ninja