22.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски за упадот во М-НАВ: Во нормална земја бандитите или ќе беа уапсени или ликвидирани

Замислете што би се случило кога ваква бандитска група би упаднала на вашингтонскиот аеродром или на аеродромот во Париз, или на аеродромот во Берлин. Или сега би биле уапсени или би биле ликвидирани, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со упадот во М-НАВ кој се случи на 4 јануари годинава.

Мицкоски одговараше на новинарски прашања по Божиќната литургија на која присуствуваше во Соборниот храм во Скопје, а иако неколкупати потенцираше дека на овој голем ден не би требало да се зборува за политика, сепак даде оценка за тоа како поминала првата недела од новата година.

Според Мицкоски, станува збор за скандалозен почеток на 2024 година.

„Почетокот на новата година е скандалозен, нема ден без скандалозен. И токму сите тие скандали кулумираа со дивеење на онаа бандитска криминална група која упадна во просториите на македонска навигација и она партиско октроирано обвинителство и судство коешто тоа го помина како небаре да станува збор за некој којшто позајмил десетина ќебапчиња од ќебапчилница. Жалосно и трагично е, затоа се потребни промени, да не ни се случуваат вакви бандити, односно ако се случат веднаш да бидат санкционирани и казнети“, изјави Мицкоски.

Инаку упадот во М-НАВ се случи на 4 јануари годинава, кога Беким Незири, вработен во институцијата и уште седум други лица упаднаа во зградата на Контрола на летање на скопскиот меѓународен аеродром по прес-конференцијата на синдикатот на М-НАВ, на која порачаа дека нема да прифатат партиски вработувања.

По ова, полицијата приведе четири лица, а Кривичниот суд, иако Обвинителството бараше притвор, сепак им определи само мерки за претпазливост.

Related posts

Греам вели дека Турција станува „одред“ на НАТО

admin

Османи во Мостар се фати за гитара

admin

ПУТИН:„НЕ БЛЕФИРАМ“, ЗАПАДОТ: БЛЕФИРАШ

admin

Зошто инфлацијата во Западен Балкан е повисока отколку во ЕУ и САД?

ninja

Ахмети: Надлежните да ги истражат Мерко и Дрин, стоиме на ставот за ветинг

admin

Кина и Русија го критикуваат Израел, се заоструваат поделбите со Западот

admin