26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

Братот на жена која загина заедно со своето малолетно дете по пад од зграда во скопската населба Карпош ја обвини државата и институциите за системски пропусти по години пријавувано семејно насилство, барајќи целосна истрага и одговорност.

Во објава на социјалните мрежи, Александар Стојановски наведе дека трагедијата следува по „години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство, закани и обиди за убиство“, тврдејќи дека институциите не постапиле соодветно.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство. Денес се случи убиство. Денес потфрли МВР, социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем“, напиша Стојановски.

Тој ги повика јавноста и медиумите да не шпекулираат за околностите на настанот, но побара случајот да не остане „само бројка“ во статистиката.

„Правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа“, додаде тој.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во општина Карпош, каде попладнето животот го загубиле жена и малолетно дете по пад од висококатница. Обвинителството нареди обдукција на телата и соопшти дека се прибираат материјални докази и се вршат разговори со повеќе лица со цел целосно расветлување на случајот.

Министерството за внатрешни работи го потврди настанот, но засега не соопшти дополнителни детали.

Дел од медиумите објавија дека трагедијата се случила во комплексот „Алумина“ во Карпош, но официјалните институции не ги потврдија сите околности наведени во првичните извештаи.

Во својата објава, Стојановски напиша дека неговата сестра требало повторно да се јави во социјалните служби во врска со претходни пријави, а сподели и лична порака од неговата внука, испратена непосредно пред трагедијата.

„Никој нема да ми ги врати најмилите, но нема да дозволиме ова да се заборави“, наведе тој.

Обвинителството соопшти дека истрагата е во тек и дека јавноста ќе биде информирана за нови детали кога ќе има официјални информации.

 

Related posts

Опасна воздушна провокација: Руски авиони влегуваат во Естонија, НАТО во готовност

admin

Курти ја поддржа иницијативата за патот Тетово–Призрен, С. Македонија и Косово најавуваат конкретни чекори

admin

КУРТИ- ИЗЈАВИТЕ НА ВУЧИЌ СЕ ЗАКАНА И ВОЕНА АГРЕСИЈА

ninja

Санчез ја брани одлуката за бојкот на Евровизија: Пред геноцид, тишината не е избор

admin

Кој е илинденскиот идеал на денешната генерација?

admin

Трамп вели дека Украина не се обидела да го погоди резиденцијалниот имот на Путин

admin