26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Руте: НАТО не е вклучен во конфликтот на Блискиот Исток, но ќе ја брани секоја педа од својата територија

Марк Руте изјави во вторникот во Скопје дека НАТО не е вклучен во воените дејствија на Блискиот Исток, но нагласи дека Алијансата ќе ја брани „секоја педа“ од својата територија доколку безбедноста на земјите членки биде загрозена.

Генералниот секретар на престојува во прва официјална посета на Северна Македонија, во услови на ескалација на тензиите на Блискиот Исток и продолжување на војната во Украина.

„Да бидам јасен – НАТО не е вклучен во кампањата на САД и Израел. Но можам да ве уверам дека НАТО ќе ја брани секоја педа од територијата на Алијансата“, рече Руте на заедничка прес-конференција со претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Тој додаде дека Иран претставува безбедносен предизвик поради неговите нуклеарни и балистички ракетни капацитети, оценувајќи дека нивното слабеење е важно за безбедноста не само на Блискиот Исток, туку и на Европа. Руте нагласи дека зборува за иранскиот режим, а не за народот.

Во одговор на новинарско прашање за нападите врз Иран од страна на САД – земја членка на НАТО – Руте повтори дека Алијансата како организација не учествува во операциите, иако одделни членки можат да донесуваат сопствени одлуки.

Поддршка за зголемени одбранбени трошоци

Руте ја оцени Северна Македонија како „верен и вреден сојузник“ и ја поздрави одлуката земјата да издвојува над 2% од бруто-домашниот производ за одбрана, во согласност со обврските преземени во рамки на Алијансата.

„Ова е значаен напредок. Мораме да ги зголемиме инвестициите во одбраната и да обезбедиме целосна подготвеност на нашите сили“, изјави тој, додавајќи дека сојузниците мора да бидат подготвени за закани од различни правци, вклучително и тероризам и хибридни закани.

Северна Македонија учествува во борбените групи на НАТО во источна Европа, како и во мисиите КФОР во Косово и ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

ЕУ интеграцијата како безбедносна гаранција

Претседателката Силјановска-Давкова изјави дека најголемата гаранција за долгорочна стабилност на Западен Балкан е неговата целосна интеграција во Европската унија.

„Најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност, туку и за безбедноста на Европа во целина, е членството на Западен Балкан во ЕУ“, рече таа, повикувајќи на надминување на, како што ги нарече, „вештачките пречки“ во процесот на проширување.

Таа информира дека викендот свикала седница на Советот за безбедност поради актуелните геополитички случувања и нагласи дека, и покрај стабилната внатрешна состојба, потребна е постојана будност и координација со сојузниците.

Средби со државниот врв

Во рамки на посетата, Руте се сретна и со премиерот , кој по средбата соопшти дека владата останува посветена на понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.

Генералниот секретар имаше средба и со претседателот на Собранието, , како и обраќање пред пратениците, каде што значаен дел од говорот го посвети на Украина.

„Кога војната ќе заврши, мора да обезбедиме мирот да биде одржлив. Безбедноста на Украина е наша безбедност“, рече Руте, посочувајќи дека Русија, Кина и Иран, според него, ја зголемуваат својата способност да вршат притисок врз евроатлантската заедница.

Ова е прва посета на Руте на Скопје во својство на генерален секретар на НАТО. Во 2023 година земјата ја посети неговиот претходник, .

Related posts

Експлозив кај гасовод меѓу Србија и Унгарија – Орбан свика итен состанок

admin

Тасевски: Упадот во Контролата за летање е рамно на тероризам

admin

По осум месеци почнува судскиот процес за Кочани

admin

Американските трговци во паника: Царините ги празнат полиците

admin

Историски пресврт: Стармер и Си најавија нова ера меѓу Лондон и Пекинг

admin

Германско-француски план за Балканот: Во европските институции пред полноправното членство

admin