17.8 C
Скопје
1 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Фрчат обвинувања за руски влијанија во Македонија

Вицепремиерот Артан Груби гледа опасност во руското влијание, посочувајќи дека „Путин поттикнал и меѓуетнички тензии и конфликти во земјата“. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Груби изнел факти кои сите ги знаат

Влијанието и негативните ефекти од руското влијание во Северна Македонија,испливаа на површина во пресрет на важните политички случувања во земјата – формирањето на техничката влада и забрзаните подготовки за пролетните избори на 8 мај. Во период кога високи претставници на САД и ЕУ испратија порака дека земјата се наоѓа пред избор – „ЕУ или нешто друго“, потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби од конференција во Скопје го постави прашањето : Каква Македонија сакаме – европска или со руско влијание?.

Тој опасноста ја лоцираше во руското влијание врз процесите во земјата и посочи дека „Владимир Путин дури поттикнал и меѓуетнички тензии и конфликти во земјата“. 

Груби вели дека низ годините „нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија“. „Ова го велам затоа што и за време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова“, рече Груби на годишната владина конференција – „Година на европски можности“ во Скопје.

Европскиот фронт ќе стави крај на руското влијание

Вицепремиерот смета дека Европскиот фронт ќе стави крај на руското влијание во земјата. Од изборите на 11 декември 2016 година и формирањето на владата во јуни 2017 година, тој вели дека „ова прогресивно заедништво, се соочувало со многу предизвици“.  Многу предизвици, додава тој, имаат само едно заедничко име, само еден единствен фактор на потикнување и само еден центар на инспирација, а тоа е Русија.

„Ако се сеќавате за време на нередите во Собранието имаше еден од руските служби заедно со колега од нашето соседство, кои што ги поттикнуваа тие што протеститраат да влезат и да ги линчуваат пратениците, новоизбраниот претседател на Собранието, мандатарот за нова влада и сите пратеници во прес-центарот“, изјави Груби.

Осврнувајќи се на пораките коишто ги испрати помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во Скопје, Груби вели дека „од сите нас заедно, каде и како ја сакаме нашата заедничка земја, дали сакаме европска Македонија или со руско влијание?“.

Безбедносната, енергетската, ценовната криза и инфлацијата, според него, исто така имаат само едно име – Русија и нивната воена агресија врз Украина.

„Дали има руско влијание во нашите верски заедници? Одговорот пронајдете си ги сами. Дали има руско влијание во нашите медиуми? Одговорот, пак си го знаете сами. Дали има руско влијание во невладините организации во нашето општество? И сите знаете дека има руски експоненти и елементи кои што прават се што е можно и во нивна моќ да ги нарушат прогресивното парламентарно мнозинство и коалиција која што сака да ја види оваа држава членка на НАТО и ЕУ и во вековно пријателство во Америка. Затоа се обидуваме да го изградиме европскиот фронт на заедништво, на прогресивни сили во државата“, потенцираше тој.

Според Груби, „Владимир Путин дури поттикнал и меѓуетнички тензии и конфликти во земјата“. „Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа,  против каков било договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Грција. Кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“, вели вицепремиерот.

Опструкции и за коридорите

Вицепремиерот смета дека и најголемиот инфраструктурен проект во земјата – Коридорот 8 и 10Д – со години бил опструиран од Русија и од руски компании. „Имаме руски експоненти насекаде, да го нарушат доброто функционирање на оваа Влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затоа со Европскиот фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со наши напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, подобра држава за сите нас“, вели тој.

„Факти кои сите ги знаат“

Премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ги ваквите изјави вели дека Груби бил конкретен во однос на стратешките одлуки и процеси кои се правеле и се прават во Северна Македонија и дека Русија секогаш била против. „Тоа се факти коишто сите ги знаат“, изјави премиерот на новинарски прашања.

Според него, „Груби бил многу конкретен и посочил кон Русија во однос на стратешките одлуки и процеси коишто се правеле и прават во државата и дека Русија секогаш била против“.

„И тоа се факти коишто сите ги знаат. Тој не кажа дека за се’, туку точно посочи за кои процеси мисли, се мисли на зачленувањето во НАТО, на унапредувањето на демократијата, како и на отпочнувањето на преговорите со ЕУ“, додаде Ковачевски. /DW

Related posts

МУНДИЈАЛОТ ВО КАТАР МЕЃУ КОНТРОВЕРЗИТЕ И КВАЛИТЕТНИОТ ФУДБАЛ

ninja

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

admin

Слушнати експлозии во Киев, Путин најави воена операција во источна Украина

ninja

Трамп има можност доброволно да се предаде до 25 август напладне

admin

Министерствата штедат струја со темни ходници

ninja

ЕК бара да се зајакне улогата на Собранието

admin