25.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Синдикатот на М-НАВ обвинува за инцидент, МВР истражува

Нови депонирани оставки и можност за генерален штрајк кој ќе го затвори македонското небо, најави претседателот на Синдикатот на контрола на летање Александар Тасевски. Дополнително обвини дека преку МВР му се врши притисок за да се откаже од, како што вели, борбата против клиентелизмот, јавува РСЕ.

За инцидент во просториите на контролата за летање на меѓународниот аеродром обвинува претседателот на Синдикатот за летање Александар Тасевски кој тврди дека неовластени луѓе влегле во просторите, предизвикале расправија со дел од вработените по неговата прес конференција. Тој тврди дека до објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и како што тврди нападнале вработени во контролата на летање вршејќи им пристисок. Тасевски вели дека случајот е пријавен во полициска станица Петровец, и дека со него се запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.

„Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект. Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, напишат Тасевски на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Претходно тој најави дека најмалку 20 до 30 луѓе контролори на летање и техничари од денеска ќе почнат со депонирање на оставки, и со повлекување од работните проекти настрана од петте инженери и раководители кои на 31 декември си поднесоа оставка. Претседателот на синдикатот на контрола за летање Тасевски изјави дека очекува овој тренд да продолжи и од другите служби.

„ За да се покаже дека веќе е крај, не може да се продолжи на овој начин, ако мислат директорите дека можат да вршат притисоци спрема вработените со овој начин на вработување, нека продолжат да работат сами, ако се способни за такво нешто“, изјави Тасевски на прес конференција.

Тој додаде дека причината за овој потег е поддршка на синдикатот, одбрана на професијата и борба против клиентелизмот во М-НАВ.

Оваа е компанија во државна сопственост, која делегира задачи и одговорност за управување и контрола на цивилниот воздушен сообраќај во Македонија.

Related posts

ЕУ се подготвува за војна – и овој француски брод е врвот на копјето

admin

Евростат: Растат платите во ЕУ

admin

Таравари за Топ Чанел: Албанците во С.Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани

admin

Мицковски: Ќе направам се ДУИ да оди во опозиција

admin

Тест за невиност за проценка на „моралот“

admin

ШИРОКО СЕ ОТВАРААТ ВРАТИТЕ ЗА ЗАМИНУВАЊЕ НА КОРУМПИРАНИТЕ

ninja