8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Бајден: Путин е одговорен за смртта на Алексеј Навални

Претседателот Бајден рече дека „нема сомнеж“ дека владата на претседателот Владимир Путин стои зад смртта на Алексеј Навални, отворениот критичар и дисидент, за кој руските власти рекоа дека умрел во оддалечениот арктички затвор во петокот, јави Гласот на Америка.

„Путин е одговорен за смртта на Навални. Путин е одговорен“, рече американскиот претседател Бајден на прес-конференција во Белата куќа.

Она што му се случи на Навални е уште поголем доказ за бруталноста на Путин.

„Она што му се случи на Навални е уште поголем доказ за бруталноста на Путин. Никој не треба да се залажува“, изјави првиот човек на САД.

Според Бајден, „смртта на Навални ќе ја остави земјата без нејзиниот најистакнат опозициски глас во време кога Путин ja зграби речиси нејзината целосна моќ, ја нападна соседна Украина, и наиде на најостри одговори од западните сојузници предводени од САД од крајот на Студената војна“.

Запрашан од новинарите дали Навални бил убиен, Бајден рече: „Не знаеме точно што се случило, но нема сомнеж дека смртта на Навални е последица на нешто што го направиле Путин и неговите насилници“.

На друго новинарско прашање до Бајден, кој во 2021 година вети „последици“ доколку Навални умре во затвор, претседателот на САД рече дека „за три години од тогаш, САД веќе презедоа широки акции и мерки против Русија како одговор на инвазијата на Украина. Но, тој додаде: „Ние разгледуваме цел спектар на опции“.

Спикерот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон во реакцијата за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални рече дека: „Владимир Путин е злобен диктатор и светот знае дека тој е веројатно директно одговорен за ненадејната смрт на неговиот најистакнат политички противник, Алексеј Навални“.

Во соопштението од неговиот Кабинет, се вели дека „Путин ја покажа својата подготвеност да користи екстремни мерки, вклучително и употреба на радиоактивен материјал, за да ги нападне своите непријатели и да ја прошири својата моќ“.

„Ако се потврди, овој акт е симбол на глобалниот модел на Путин за замолчување на критичарите и елиминирање на противниците поради страв од несогласување.“, изјави претседателот на Претставничкиот дом на САД.

Related posts

Пендаровски: НАТО не информираше дека високи фигури на МПЦ-ОА се соработници на Русија

admin

Дали Ковачевски прифаќа влада без ДУИ?

admin

ЏЕС БЕЈЛИ: Ново вето за Скопје ќе биде разочарување за Вашингтон

admin

Кој на бел коњ, кој на куцо магаре

admin

Зеленски ќе ја посети Германија

admin

Истражување на Политико: Фон дер Лајен ги привилегирала германските компании

admin