16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ветинг – предлогот во фиока, се вади пред избори

Четири години поминаа откако ДУИ поднесе предлог-закон за ветинг. Само 16 дена по поднесувањето, Собранието се распушти пред парламентарните избори во 2020 и предлогот никогаш не стана закон. Идејата се актуелизира и пред овие избори, антикорупционерите се сомневаат во искреноста на партиите.

Предлог-законот за ветинг стои во моето биро. Две минути ми требаат да го пуштам во процедура, вели Арбр Адеми, координатор на пратеничката група на ДУИ за Радио Слободна Европа, за тоа кога и дали ќе се направи таканаречениот ветинг што го предложи ДУИ пред точно четири години.

Ветинг по дефиниција значи институционална проверка на вршителите на јавни функции во насока дали се соодветни за работната позиција и дали имаат одговорност, интегритет и кредибилитет да ја вршат функцијата.

Оваа тема повторно ја актуелизира Али Ахмети, претседател на ДУИ, од собраниската говорница за време на изборот на техничката влада минатата недела (28.1), во одговор кон пратеникот Антонио Милошоски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Набројувајќи примери со тендери и конкретни лица, Милошоски рече дека ДУИ е криминална партија и тоа е една од причините поради што ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за избор на техничката влада.

„Тоа што го велевте, има обвинителство, ние побаравме ветинг и предлагавме закон што ова Собрание требаше да го изгласа. Да не се правиме обвинители ни истражители“, рече тогаш Ахмети.

ДУИ до Собранието поднесе предлог-законот за ветинг на 31 јануари 2020 година, за ветинг на избраните и именуваните функционери во законодавната и извршната власт, во судството, обвинителството и полицијата. Се предвидуваше и Агенција што ќе ги контролира сите носители на јавни функции.

Само 16 дена подоцна, Собранието се распушти во пресрет на парламентарните избори на 12 април 2020, па предлогот никогаш не стана закон.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

Избори во Косово: Курти очекува нова победа сред тензични односи со Вашингтон и Брисел

admin

Викал „Алаху Акбар“ додека се обидувал да ја отвори вратата од авионот среде летот

admin

“Црните листи” со законска сила и во земјата, или само предизборна флоскула

admin

Незири: ДУИ жестоко ќе делува, но нема да предизвика дестабилизација!

admin

СЗО СМЕТА ДЕКА КОВИДОТ ОВАА ГОДИНА ЌЕ ИМА СЛИЧНА ЗАКАНА КАКО И ГРИПОТ

ninja

„Големиот брат“ доаѓа: Полицијата веќе собира податоци, казните ќе стигнуваат автоматски!

admin