14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пендаровски ја доби поддршката на СДСМ за втор мандат

Партиите ги обелоденија кандидатите со коишто ќе се обидат да ја освојат довербата на гласачите на пролетните избори за претседател на државата. Претседателот Стево Пендаровски ќе се кандидира за втор мандат на изборите коишто треба да се одржат на 24 април, откако ја доби довербата на раководството на СДСМ. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата, јави DW. 

Професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова,пак, се пријавила на јавниот оглас на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата. За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 2 март.

Силјановска – Давкова е актуелен пратеник во Собранието, а беше канадидат на ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори во 2019 година, кога победи Пендаровски.

Во трката за претседател влегува и лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.

Владиниот коалиционен партнер ДУИ најави дека утре ќе го соопшти својот претседателски кандидат. Во медиумите веќе се појавија информации дека во трката влегува шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Related posts

НАТО: НЕМА ДОКАЗИ ЗА НАПАД ОД РУСИЈА ВРЗ ПОЛСКА

ninja

Сака ја “потопи” С.Македонија

admin

Косово: Изолиран инцидент или ладни проби за жежок конфликт?

admin

Подготвителната седница за Законот за јазици во Северна Македонија се очекува во март

admin

ЕУ ЈА ИСПОРАЧА ВЕТЕНАТА ПОМОШ – 80 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ДОСТАПНИ ЗА ДРЖАВАТА

ninja

ДОСТОИНСТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ ПОМАЛКУ ВРЕДНО ВО БУЏЕТОТ ЗА 2023

ninja