16.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Распишувањето на изборите ќе го „отклучи“ Избирачкиот список

Ажурирање на Избирачкиот список, консензус за измени на Изборниот законик и договор за комплетирање на ДИК се дел од прашањата пред институциите и партиите во пресрет на претседателските и парламентарни избори што се распишуваат денеска. Промовирањето на кандидатите треба да заврши во март.

Во Избирачкиот список во моментов се запишани точно 1 801 760 граѓани кои имаат право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. Претседателот на Собранието, Јован Митрески, на 14 февруари, го потпиша правниот акт со што и формално ги распиша двојните избори што треба да се одржат на 24 април и 8 мај.

Со ова почнуваат да тече и рокот од 48 часа во кој институциите треба да ги достават податоците до Државната изборна комисија (ДИК) за ажурирање на списокот. Ова ќе бидат први избори откако државата по две децении успеа да спроведе попис на населението во 2021, но тоа, посочуваат од ДИК, не е поврзано со Избирачкиот список.

„Во јавноста веќе неколку години наназад несоодветно се споредуваат податоците во Избирачкиот список со податоците од пописот на население. За составување на овие две бази на податоци се користи сосема различна методологија, и тие се неповрзани меѓу себе“, велат од ДИК за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Со ова е согласен и поранешниот претседател на ДИК, адвокатот Александар Новаковски, кој вели дека тоа го сметаат и странски експерти со кои тој имал искуство во неговата кариера и посочувале дека споредбата на попис со Избирачки список е исто како да се споредува јаболко и портокал.

„Споредба на пописот и Избирачкиот список е невозможна затоа што пописот е статистичка евиденција, согласно законот со него се попишуваат лица кои до една година биле во државата. А Избирачкиот список се прави врз основа на државјанство. Во никој случај тоа не може да биде корисно ниту може да се земе како параметар за да се каже дали списокот е добар или не“, вели Новаковски.

Институциите од кои ДИК во наредните два дена ги очекува податоците за ажурирање на списокот се: Министерството за внатрешни работи (МВР), Управата за водење на матични книги, основните судови, Управата за извршување санкции и Министерството за труд и социјална политика.

Откако ќе се обработат, податоците ќе се стават на јавен увид на граѓаните. За време на изборен процес, тој трае 20 дена по што Избирачкиот список се заклучува. Потпишувањето на Избирачкиот список односно изводите од него, треба да се направи најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите. Ова значи дека до тогаш, моменталната бројка од 1 801 760 гласачи може да претрпи измени.

Related posts

Граѓаните не веруваат дека нивната приватност е заштитена: Македонија потклекна со безбедносните реформи

admin

Ковачевски: Прифаќањето на уставните измени им дојде како шок, ВМРО-ДПМНЕ треба да остане во процесот

admin

Палењето на автомобилот на Груби, реагира АзА

admin

Груби и Рустеми ја притискаат кинеската „Синохидро“, патот Кичево-Охрид да заврши до крај на 2023 година

admin

ЗОШТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА БИДЕ ЗАВИСНА ОД РУСКИОТ ГАС?

admin

КАКВА ЌЕ БИДЕ 2024 ГОДИНА?

admin