14.8 C
Скопје
27 јули, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се скрши Алијансата, се разделија патиштата на двоецот Села-Таравари

Лидерот на Алијансата за Албанците (АзА), Арбен Таравари, побара поддршка од претседателството за партијата да оди на претседателски и парламентарни избори на 24 април, односно на 8 мај, заедно со албанската опозиција собрана во Европскиот сојуз за промени (ЕСП), пишува Инбокс7.

“Непоколебливо верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба за Алијансата за Албанците да влезе во изборната трка со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја!“, напиша Таравари во објава на Фејсбук. „Ние сме на пат, по патот што го трасираше Арбен Џафери сме. Овој пат ќе не одведе таму каде што припаѓаме, во големото европско семејство, секогаш негувајќи го нашиот постојан сојуз со САД и НАТО со кои споделуваме иста визија и исти вредности“.

Според него, оваа промена никогаш не била поизвесна и поопиплива. “Никој нема поголем кредибилитет од Алијансата да ја донесе оваа промена!“, потенцира Таравари.

Оваа негова одлука доаѓа по неколкунеделни консултации и чести состаноци, внатре и надвор од АзА. Таравари вели дека „по длабоко лично размислување, дојде време јавно да го обелоденам мојот став како партиски лидер во однос на претстојните парламентарни избори“.

„Повеќето луѓе читаат историја, но ретко добивате шанса да ја напишете. Денес ја имаме оваа можност пред нас. Да бидеме ние тие што ќе пишуваат Историја!“, апелираше Таравари.

Многу бргу стигна и реакцијата на претседателот на Собранието на АзА, Зиадин Села.

“Како претседател на централното собрание на Алијансата за Албанците, до овој момент не сум информиран за никаква понуда за коалиција со која било друга политичка партија“, напиша Села на Фејсбук.

Тој информираше дека од средбите што ги имал неодамна со шефовите на ограноците и другите партиски структури, бил информиран дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи.

„Поединецот, во овој случај претседателот на партијата не е орган на одлучување, тој има право да предложи до органот кој има право на одлучување, а тоа е раководството на партијата, кое во моментов има одлука, а тоа е дека Алијансата за Албанците се натпреварува сама на изборите. Друго одлучувачко тело е партиското Собрание“, напиша Села.

Според него, тенденциите за криумчарење на партијата за сметка на не знам кој преку статус на „Фејсбук“ се сериозно нарушување на статусот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи.

„Обидите да се разјасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, заклучи Таравари.

Овие превирања и поделби се резултат на неусогласеност внатре во АзА во врска со предизборните коалиции. Лидерот Таравари, министрите Фатмир Меџити и Азир Алиу како и пратеникот Халил Снопче се одлучни да се оди со ЕСП и така да се победи ДУИ, додека Села, министерот Кренар Лога како и останатите седум пратеници се за да се оди во коалиција со ДУИ, а евентуално и самостојно.

Related posts

Агелер: Тоа прашање е за професорот Мицкоски, не можам јас да одговарам место него

admin

Маричиќ: Уставните измени се влог за нашето членство во ЕУ

admin

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија

admin

Фон дер Лајен: Изборот е Ваш, сите партии имаат одговорност за иднината

admin

МЕЦОЛА – РАЗГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО ЕУ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ ГОДИНАВА

ninja

Веб-страници за ширење дезинформации никнуваат како печурки во Бугарија

admin