19.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ТС тврди дека ги има резултатите од најновата анкета на ИРИ – ЕФ далеку пред ВЛЕН

Порталот на албански јазик Тетовасот (ТС) тврди дека ги поседува резултатите од последната анкета на Меѓународниот републикански институт (IRI), спроведена во мај и јуни годинава врз репрезентативен примерок од 1.200 испитаници.

Според порталот, коалицијата „Европски фронт“, – составена од ДУИ, АА-Таравари и АА-Села, – ужива поддршка од 14 отсто на национално ниво. Наспроти тоа, владината коалиција ВЛЕН, заедно со сите нејзини составни партии, има поддршка од 5 проценти.

Според истите извори, резултатите од истражувањето веќе се презентирани пред сите партии и лидери на коалицијата ВЛЕН.

Анкетата доаѓа во пресрет на почетокот на кампањата за локалните избори, за кои аналитичарите предвидуваат остри политички конфронтации, особено во општините со доминантно албанско население.

Related posts

КРИЗАТА ГИ НАТЕРА ГРАЃАНИТЕ ДА ШТЕДАТ

ninja

Израел извршува воздушни напади во јужен Бејрут

admin

„Ужасот во Магдебург ќе ја промени изборната кампања“

admin

Македонија заостанува во сајбер безбедноста, Владата најавува законски промени

admin

Манифест за консензус за уставни измени или купување време?

admin

Косово слави 25 години од НАТО интервенцијата

admin