-1.2 C
Скопје
10 ноември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Столтенберг: Нема планови за НАТО трупи во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина. Тој рече дека земјите-членки на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина, јави РСЕ.

„Тоа го правиме од 2014 година. Меѓутоа, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина“, рече Столтенберг.

Отфрлајќи ја можноста за воена акција на НАТО, Столтенберг повтори дека рускиот напад врз Украина сериозно го крши меѓународното право и дека врз основа на тоа, украинската страна има право на самоодбрана.

„НАТО има право да ја поддржи Украина да се брани од руската агресија“, рече Столтенберг.

Претходно пак, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Русија и ескалација на ситуацијата.

Осврнувајќи се на вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека нема консензус за испраќање војници на европските земји во Украина, но дека „ништо не треба да се исклучи“, портпаролот на Кремљ кажа дека дискусиите на западните земји за можноста за испраќање свои војници во Украина претставува нов, многу важен елемент.

„Сите други елементи во говорот на францускиот претседател веќе се претставени на еден или друг начин и веќе ги зедовме предвид“, рече тој, додавајќи дека Москва добро ја знае позицијата на Макрон – „на Русија треба да и се нанесе стратешки пораз.”

По вчерашната конференција за Украина во Париз, Макрон изјави дека нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, но нагласи дека „ништо не треба да се исклучува“.

„Во моментов нема консензус за испраќање војници. Ништо не треба да се исклучи. Ќе направиме се за Русија да не победи“, рече Макрон на прес-конференција, пренесоа медиумите.

На самитот во Париз присуствуваа околу 20 европски лидери, а Елисејската палата соопшти дека целта на состанокот беше да му се испрати на рускиот претседател Владимир Путин „порака дека Европа е решена да и помогне на Украина и да се спротивстави на „наративот на Кремљ“ дека Русија мора победи во војната, која влезе во третата година“.

Related posts

Бајден вети дека САД и сојузниците „нема да се поколебаат“ во одбрана на Украина

admin

Лидерите на С.Македонија му честитаа на Трамп

admin

Во Куманово ќе се потврдува поддршката за Таравари

admin

Силен земјотрес во Мароко: повеќе од 600 луѓе загинаа, оштетени историски згради во Маракеш

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

ПРЕДЛОГОТ ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК НЕ ПОМИНА НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕ И БУЏЕТ

ninja