18.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Бугари во Владата може, во Устав не може“ – нова политичка пресметка

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати остри критики до премиерот Христијан Мицкоски и до ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека во Владата има голем број функционери со бугарски државјанства.

Реакцијата на Филипче следува по одбивањето на предлог-законот на СДСМ со кој се предвидуваше носителите на високи државни функции да не смеат да поседуваат двојни државјанства.

„Се поставува прашањето зошто го одбија законот? Затоа што пола влада требаше веднаш да си замине. Може целата влада да биде составена од луѓе кои во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот – тоа не може“, рече Венко Филипче.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, лажење и лицемерие кон граѓаните.

Според Филипче, власта почнала да ги признава политиките што претходно ги критикувала, посочувајќи ги Преспанскиот договор и членството во НАТО.

„Прво го признаа Преспанскиот договор како ремек-дело на дипломатијата. Потоа признаа дека со Преспанскиот договор се заштитени идентитетот, јазикот и културата“, изјави Венко Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека функционерите на власта обезбедиле европска иднина за себе преку странски пасоши, додека државата ја држат во изолација.

Тој повторно повика на уставни измени и порача дека „реформите значат Европа сега“.

Филипче изнесе и обвинувања за надворешни влијанија врз македонската влада, тврдејќи дека премиерот Христијан Мицкоски е под влијание на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Пропагандата која ја водат нивните медиуми има манир на Гебелсова пропаганда. Тоа е систем за ширење говор на омраза и создавање вештачки непријатели“, рече Венко Филипче.

Тој ја критикуваше и партијата Левица, оценувајќи дека е „приврзок на ВМРО-ДПМНЕ“, додека за ЗНАМ рече дека работи за бизнис-интереси и за заштита на Никола Груевски.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски од Делчево повика на национално обединување на евроинтегративниот пат на државата, оценувајќи дека Македонија мора внимателно да ги носи своите одлуки за да не плаќа висока цена во иднина.

Related posts

ШОК ИЗЈАВА ОД ВМРО-ДПМНЕ: Таравари се интересирал само за бизнисите на Заев и Груби!

admin

DER SPIEGEL: Германија е соодговорна за израелските воени злосторства во Газа – ова мора веднаш да престане

admin

Почнува пробниот период за системот „Безбеден град“, казните од 1 јануари

admin

Германија со договор за воена соработка со Јапонија

admin

Од сојузници до непријатели: Мицкоски откри што мисли за Таравари

admin

МВР АНАЛИЗИРА – ЗОШТО ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ СЕ САМО ВО ЕДНА СМЕНА ВО ТРИ РАБОТНИ ДЕНА

ninja