31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Премиерот од Разловечкото востание: Борбата за Македонија продолжува

Со свечена церемонија во селото Разловци, во Општина Делчево, денеска беше одбележана 150-годишнината од Разловечкото востание, настан на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски.

Во својот говор, Христијан Мицкоски испрати пораки за национално единство, почит кон историската жртва и зачувување на државноста.

„Да ја чуваме и градиме државата. Никому да не дозволиме да ја понижува. Вечна слава на хероите од Разловечкото востание. Нивната жртва нека биде наш завет. Нека е вечна Македонија“, порача Христијан Мицкоски.

Тој повика на обединување околу државните и националните интереси, оценувајќи дека ниту една политичка разлика не смее да биде поголема од татковината.

Според Мицкоски, Разловечкото востание претставува темел на народната борба за слобода и национално будење.

„Денес сме тука, во Разловци, на оваа света земја, за да одбележиме 150 години од Разловечкото востание. Стоиме пред историјата, пред жртвата и споменот на луѓето кои во тешко време го избрале најтешкиот, но и најсветиот пат – патот на слободата“, изјави Христијан Мицкоски.

Тој оцени дека денешната борба за државата продолжува преку институциите, работата и единството, но со иста суштина како и во минатото.

„Државата не смее да биде држава на понижувања, отстапки и распродажби“, рече Мицкоски, додавајќи дека народот дал премногу жртви за да се дозволат компромиси со идентитетот и историјата.

На настанот говореше и министерот за култура Зоран Љутков, кој рече дека „хероите од Разловци не ја победиле империјата, туку го победиле молкот“.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцовски, најави иницијатива Разловци да биде прогласено за заштитено историско подрачје, а 19 мај да стане неработен ден.

Церемонијата заврши со положување свежо цвеќе пред Спомен-домот на Разловечкото востание од страна на државни и локални делегации.

Related posts

Запленети милиони и злато кај почесниот конзул – обвинение за тендер злоупотреби

admin

Што им понуди Фон дер Лајен на Вучиќ и Курти?

admin

3 идеи за пасивен приход за зафатени професионалци во 2025 година

admin

Самит ЕУ-З.Балкан во Тирана: Како да се поттикне економски развој?

admin

ЗГОЛЕМЕНОТО КИНЕСКО ВЛИЈАНИЕ ТРЕБА ДА ГО ВКЛУЧИ ЦРВЕНИОТ АЛАРМ

ninja

БУГАРИЈА ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ОД СКОПЈЕ

ninja