Светското првенство во фудбал 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, ќе биде историско по повеќе основи. За првпат на мундијал ќе учествуваат 48 репрезентации, а веќе се познати сите селекции што обезбедија место на турнирот.
Домаќините САД, Канада и Мексико автоматски се квалификуваа, додека останатите 45 селекции обезбедија пласман преку квалификациите.
Меѓу најголемите изненадувања и дебитанти се Узбекистан, Јордан, Курасао и Зеленортските Острови, кои првпат ќе настапат на Светско првенство.
Од Европа пласман обезбедија Англија, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Шпанија, Белгија, Австрија, Шкотска, Турција, Чешка, Шведска и Босна и Херцеговина.
Од Африка ќе играат Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Јужна Африка, Сенегал, Брегот на Слоновата Коска, ДР Конго и Зеленортските Острови.
Азиските претставници се Јапонија, Иран, Узбекистан, Јордан, Јужна Кореја, Австралија, Катар, Саудиска Арабија и Ирак.
Од Јужна Америка настап ќе имаат Аргентина, Бразил, Уругвај, Колумбија, Парагвај и Еквадор.
Ждрепката за групната фаза беше одржана во декември 2025 година во Вашингтон.
Германија ќе игра во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор, додека Турција доби група со САД, Австралија и Парагвај.
Аргентина ќе се соочи со Австрија, Алжир и Јордан, а Англија ќе игра против Хрватска, Гана и Панама.
Бразил се најде во група со Мароко, Хаити и Шкотска.
Групната фаза на Мундијалот ќе се игра од 11 до 27 јуни 2026 година, финалето е закажано за 19 јули.
Ова ќе биде прво Светско првенство со 12 групи и нокаут-фаза што ќе започне од шеснаесетинафиналето.


