3.8 C
Скопје
13 декември, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Таравари претставен како доверлив лидер, но авторот ги „заборавил“ минусите – Почна ли изборната кампања?

„Новата студија на ИРИ за отчетноста на локалната власт открива дека Арбен Таравари е меѓу најсигурните лидери“. Вака текст на дигитален медиум селективно ги презентира наодите на оваа студија, која се однесува на ставoвите на граѓаните во шест општини, вклучително и Гостивар, каде Таравари во втор мандат е градоначалник. Таравари заедно со градоначалниците на Струмица и Велес – Костадин Костадинов и Марко Колев навистина е оценет како доверлив лидер, но во текстот се изоставени минусите од граѓаните. Ваквото промотивно презентирање оди во прилог на зачестените гласови дека Таравари би можел да биде кандидат на претседателските избори, што тој првично го негираше, но неговата идеја за настап на предстојните избори доведе до раскол во партијата .

Што точно содржи студијата ИРИ како ставови на граѓаните?

Меѓународниот републикански институт ИРИ ја објави квалитативната студија за респонзивноста на локалната самоуправа во Македонија, низ реакцијата на неопределените гласачите во шест општини –  Гостивар, Струмица, Велес, Гази Баба, Кичево, Центар и Град Скопје. Граѓаните беа прашани за довербата кон градоначалниците и Советите, нивните ставови за отчетноста и тоа како одговараат на нивните потреби и за ефективноста на локалните власти. Генералната оценка на граѓаните за сите општини е дека се движат во негативна насока или стагнираат, бидејќи немаат системски пристап кон решавање на проблемите. Иако, понатаму граѓаните имаат различни оценки за работата на градоначалниците, општинската администрација и Советите.

Во споменатиот текст на порталот на албански јазик, во насловот тврди: „Новата студија на ИРИ за отчетноста на локалната власт открива дека Арбен Таравари е меѓу најсигурните лидери“. Во продолжение на веста не се дава контекст, ниту подетални податоци од студијата, но ги селектира позитивните оценки за неговиот градоначалнички перформанс, додавајќи дека „луѓето мислат дека проблемите со кои се соочува градоначалникот Таравари во општината се надвор од негова контрола поради немањето финансиски средства и корумпираноста на централната власт“.

Што всушност мислат граѓаните според наодите на студијата на ИРИ?

Градоначалниците Костадин Костадинов (Струмица), Марко Колев (Велес) и Арбен Таравари (Гостивар) беа оценети позитивно. Градоначалниците Горан Герасимовски (Центар), Бобан Стефковски (Гази Баба) и Фатмир Дехари (Кичево) добија мешани оценки. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е единствената која доби негативна оценка.

Конкретно, гостиварскиот градоначалник покрај оценките дека е добар комуникатор и чесен политичар, луѓето мислат дека проблемите со кои се соочува во општината се надвор од негова моќ да ги реши бидејќи за недостаток на финансиски средства и корупција на централната власт, стои во студијата на ИРИ. Вкупната оценка на граѓаните за работата на општината Гостивар, вклучително и на градоначалникот, ја стави на четврто место од шест општини на оваа листа.

Прва на листата по одговорност е Општина Струмица со стапка на одговор од 67 проценти. Граѓаните градоначалникот на Струмицица, Костадин Костадинов, го  сметаат за комуникативен и достапен, но и како амбициозен и работлив.

„Учесниците конкретно истакнаа дека не е пристрасен кога е во прашање решавањето на проблемите и дека е посветен“, пишува во студијата на ИРИ.

Оваа студија, според објаснувањето во неа, со наодите нудат вредни докази за општините за тоа како да ја подобрат нивната реакција на граѓаните, а со тоа и да ги исполнуваат своите законски обврски за постапување по барања и предлози.

„Ова истражување им дава увид на политичките и владините актери за тоа како да ја подобрат својата работа со цел за да се зголеми нивниот кредибилитет“, објаснува Студијата.

Од задоволни до крајно негативни искуства

Различни се оценките за начинот на комуникација на споменатите шест општини со граѓаните, кои биле прашани да дадат оценка за коминикацијата преку телефон, интернет и во личен контакт и др движат од позитивни, со  позитивни искуства до негативни, откако доживеале целосно игнорирање од општините и граоначалниците.

Од генералните наоди, учесниците едногласно рекле дека институциите, односно општините се тие кои треба да ги водат комуникациите со граѓаните и да ги решаваат нивните проблеми, а не политичките партии. Учесниците оценуваат дека институциите се нефункционални, проблемите не се решаваат систематски, туку импулсивно, на ад-хок или по проект. Граѓаните сметаат дека институциите и бројните сектори во земјата се нефункционални.

В.К.

Related posts

ВОЈНАТА ВО УКРАИНА МОЖЕ ДА ПРЕРАСНЕ ВО ВОЈНА МЕЃУ НАТО И РУСИЈА, РЕЧЕ СТОЛТЕНБЕРГ

ninja

Крај на старите и крах за новите патни исправи

admin

ЕП: ОД 2035 НЕМА ВЕЌЕ АВТОМОБИЛИ НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИН

ninja

Мицковски: Средбата заврши со неуспех, добро е што се воспостави комуникација – сме за влада без ДУИ

admin

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin

Мицкоски ја формираше коалицијата „Твоја Македонија“

admin