10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Фетаи и Ќоку од ВЛЕН на средба со „Самоопределување“ во Приштина

Заменик-премиерот Арбен Фетаи и пратеникот Беким Ќоку, претставници на коалицијата ВЛЕН, остварија средба со раководството на косовската партија „Самоопределување“ во Приштина, на која се разговараше за претстојните локални избори во Северна Македонија и Косово.

На средбата присуствувале и претставници на Алијансата за Албанците – пратеничката Мимоза Муса, Башким Бакиу и Илка Нуредини. Делегацијата била пречекана од премиерот на Косово и лидер на „Самоопределување“, Албин Курти, и заменик-претседателот и пратеник Глаук Коњуфца.

„Разговаравме за подготовките за локалните избори што ќе се одржат во октомври и во Северна Македонија и во Косово, како и за унапредување на идната меѓупартиска соработка“, напиша Фетаи на социјалните мрежи.

Соговорниците се согласиле да воспостават редовна комуникација и координација со цел поттикнување на напредокот и одржливиот развој на двете земји.

 

 

Related posts

ЕУ и Британија закажаа клучен самит: Дали почнува нова ера по Брегзит?

admin

ПРОТЕСНА НОТА ОД БУГАРИЈА ПРИМИЛА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО СОФИЈА

ninja

Политичка напнатост меѓу Варшава и Берлин поради воените репарации

admin

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

admin

ТУЕЛНО Џо Бајден потпишува извршна наредба за владин надзор на криптовалутите

ninja

Руското влијание на локалните избори ограничено, но подготвува база за идни парламентарни избори

admin