26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш под лупа на Брисел

Што прави српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш, Србија уште еднаш беше прашана од Европската Унија, десет години по отворањето на центарот на југот на земјата, кој е предмет на спорови меѓу Русија и Западот.

Додека Москва го опиша хуманитарниот центар како „најзначајниот на Балканот“ за одговор на вонредни ситуации и природни катастрофи, западните земји се сомневаа дека тоа е обид за воспоставување воена база.

И Европската Комисија побара објаснување од Белград во новиот годишен извештај – најважниот документ во кој се оценува напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ.

„Србија треба да ја информира ЕУ за активностите на центарот во Ниш и неговата интеграција во системот за управување со вонредни состојби“, се вели во извештајот објавен на 8 ноември.

„Српската рамнотежа меѓу Русија и Западот не е нарушена во НИС (Нафтената индустрија на Србија во мнозинска руска сопственост), туку во Ниш“, сликовито посочува Вук Вуксановиќ од невладиниот белградски Центар за безбедносна политика.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, Западот бара од властите во Белград да воведат санкции кон Русија, што Србија досега ги одбиваше.

Дел од опозицијата и јавноста во Србија изминатава година и пол повикуваа на затворање на Српско-рускиот хуманитарен центар.

„Сè што е поврзано со Русија во Србија е под дополнителна лупа поради војната во Украина“, додаде Вуксановиќ во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Руското барање Србија да му додели дипломатски статус на персоналот на Центарот привлече посебно внимание низ годините.

Станува збор за посебен статус кој повлекува одредени привилегии, како слобода на движење, не само во Србија, туку и во регионот, како и имунитет во случај на кривично дело сторено на територијата на Србија.

Засега, надлежните немаат одобрено ваков статус во однос на овој Центар.

 

Целата анализа на РСЕ можете да ја најдете ТУКА 

Related posts

ДУИ тврди дека Мимоза Муса го вработила својот татко-пензионер

admin

Груевски: Зоран Заев стои зад мојот прогон, му помага Христијан Мицкоски

admin

ВЛЕН: ДУИ ги предаде интересите на Албанците

admin

Мицкоски ја критикува ДУИ за енергетската политика и работата на ЕСМ

admin

Косово пред сериозни предизвици по изборите на 9 февруари

admin

Николај Крастев: Тик-ток револуцијата на поколението Z е многу важен сигнал до политичарите во Бугарија

admin