3.8 C
Скопје
17 јануари, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Во Кавадарци се одбележи четири годишнината од членството во НАТО

Седумдесет и пет години од формирањето на НАТО Алијансата и четири години од членството на Република Северна Македонија во НАТО, се одбележуваат денеска на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, во соработка со Општина Кавадарци, јави МИА.

На настанот ,,Отворен ден за граѓаните”, присутните имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар и да се запознаат со дел од вооружувањето, борбените системи, армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Заинтересираните имаат можност поблиску да се запознаат со техничките карактеристики на борбени, системи и артилериските орудија од артилерискиот баталјон, дел од вооружувањето, воената опрема и возила од баталјонот на воена полиција, четата АБХО, Баталјонот за врски и извидувачко разузнувачкиот баталјон.

– Со зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО се реализираше една од нашите најважни стратешки цели, што беше заеднички зацртана со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија. Ние сме еднаков дел од големото семејство на развиени демоктратии, што обединува безмалку една милијарда луѓе и 50 проценти од светскиот бдп. Ние сме НАТО, беше кажано од официјалниот спикер пред граѓаните на градскиот плоштад во Кавадарци.

На штандовите може да се проследи и промоција на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” и презентирање на Сквадронот за обука и тренинг на вВИНГ.

На настанот, присутните имаат можност да дегустираат војничко гравче, како и да се освежат со чај, вода и сокови.

Related posts

СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ПОНЕЗАДОВОЛНИ ОД ЛАНИ

ninja

Напорот на Русија да се врати на Месечината заврши со срамен крај

admin

Расте поддршката за Арбен Таравари

admin

Мицковски најавува дека нема да ги гласа уставните измени: Ковачевски да внимава, да не се редефинира државата

admin

Варга: Украина нема да го признае Косово, Вучиќ се договори со Зеленски во Атина

admin

The Sun: Последните јавни зборови на Алекс Салмонд откриени во потресна објава неколку часа пред смртта

admin