14.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Ангеловски: Одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор

Додека Северна Македонија добие влада со полн политички мандат која ќе може да носи какви било одлуки, може да поминат и две третини од годината, што на некој начин може да се каже дека е изгубена, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски, пренесува Инбокс7.

Запрашан дали слободниот пристап до пазарот на труд во рамки на „Отворен Балкан“, кој започна од 5 март, е шанса или нов удар за домашното стопанство, Ангеловски со одговор:  “Генерално, мислам дека вашето прашање се состои од два дела. Првиот дел се однесува на бирократските процедури кои предходно постоеле помеѓу овие земји кои сакаат да влезат во оваа економска инициjатива. И со укинувањето на процедурите, генерално, стопанството добива. Се добива на флексибилност, мобилност, вработените ќе можат од земја во земја полесно да мигрираат. Одредени компании ќе можат полесно на нивните вработени да им ги решат работните дозволи во таа земја каде ги изведуваат проектите, тој дел апсолутно го поздравуваме, сметаме дека нашиот регион мора економски да се интегрира, ако сакаме да постигнеме поголем раст на бруто националниот доход, подобра економска состојба.”

Дали ова ќе е е бенефит во овој момент за РСМ, Ангеловски вели дека на долг рок да – ќе биде бенефит, меѓутоа краткорочно, не.

“Знаете како, ако одите на пазар и со себе не носите средства, колку производи ќе можете да купите во тој момент? Македонската економија во овој момент е најслаба од останатите две кои се интегрираат во овој процес. Српската економија има огромни инвестиции во инфраструктура и останати проекти. Економското ниво им е повисоко и на нив им требаат квалитетни кадри и луѓе кои они би можеле да ги привлечат. Албанската економија исто така има многу позитивни резултати на полето на туризмот и големи инвестиции во инфраструктурата. За жал, во овој момент кај нас не можеме да се пофалиме со добри економски резултати и сметам дека ќе има одлевање на дополнително на одреден број на работници од нашата земја во соседните земји”, вели Ангеловски.

Според неговите проценки на македонското стопанство му недостасуваат работници, проблем кој може да се реши.

“Сметам дека дефинитивно треба да се позанимаваме и со реформи на одредени јавни институции каде што би можеле одреден квантум на вработени од јавниот сектор да се преусмерат во приватниот сектор. Треба да се поработи на иселувањето на луѓето, значи да запре тој процес на иселување. Затоа што дефинитивно со слаба економска активност, луѓето секогаш добиваат подобри понуди во странство и тие се мотивирани да се иселуваат. Значи нас на долг рок, не ни одговара нашата економија да биде на вакви ниски гранки и ние секој ден со одржувањето на нашата економија на ова ниско ниво губиме”, вели Ангеловски.

Related posts

Германски печат: „Опасен курс на Балканот – а Берлин молчи“

admin

Партиите нови, амбициите големи

admin

Две илјади работници досега сакаат работа преку Отворен Балкан

admin

11 НАЈВАЖНИ СЛУЧУВАЊА КОИ СВЕТОТ ГИ ОЧЕКУВА ВО 2023 ГОДИНА

ninja

Путин бара остар одговор на странските служби кои сакаат да ја дестабилизираат Русија

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja