6.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Орбан: ВМРО-ДПМНЕ – една од најуспешните политички сили во Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во видеообраќање до Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека по долгогодишна опозиција партијата станала „една од најуспешните политички сили во Европа“, по низа изборни победи во последните две години.

Орбан, лидер на Фидес, им честита на членството и активистите за „неверојатните достигнувања“, вклучувајќи ги победите на парламентарните, локалните и претседателските избори, оценувајќи дека партијата ја поставила земјата на пат на „стабилен и предвидлив развој“.

„Продолжете да го поддржувате вашиот лидер. Ви посакувам успех во претстојните владини задачи. Бог да ги благослови македонските патриоти“, рече Орбан.

По видеообраќање се јавија и претставници на други сестрински десноцентристички партии.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека ХДЗ ќе ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ и дека Хрватска силно ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани, потпретседател на Европската народна партија, рече дека ЕНП ја смета ВМРО-ДПМНЕ за „почитуван член“ и ја поддржува европската перспектива на земјата.

Гунтер Крихбаум, пратеник од германската ЦДУ и државен министер за Европа, порача дека иднината на Македонија е во ЕУ и го пофали „контактот на партијата со граѓаните“.

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Кавадарци го одржува 18. Конгрес, на кој се очекува реизбор на партискиот лидер Христијан Мицкоски. Конгресот беше отворен со усвојување на документот „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“.

Related posts

Американците не сакаат повеќе да се борат за својата земја

admin

Нова изборна битка во САД: Поштата подготви правила за гласачките ливчиња и покрај судската забрана

admin

Шест причини зошто ова видео снимка стана вирална преку ноќ

admin

Ветингот му пресуди на претседателот на Уставниот суд на Албанија

admin

Стефан Андоновски вооружен до заби со оружје кое вреди илјадници евра

admin

Европа повторно расте: Една балканска земја со 4,8%, друга падна 2%

admin