10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кочани повторно маршира: Родителите бараат правда за трагедијата во „Пулс“

Родителите на децата загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторија дека бараат правда, а не одмазда, на денешниот 32. „Марш за ангелите“ што се одржа низ градските улици.

Стотина граѓани се приклучија на маршот, организиран во знак на протест поради текот на судскиот процес за трагедијата во која на 16 март загинаа 63 лица. Родителите порачаа дека судницата „не смее да се претвори во Струшки вечери на поезијата“, алудирајќи на, како што велат, непотребни одложувања и преголема формалност во постапката.

Маршот започна од Паркот на револуцијата во 14:05 часот, а учесниците носеа фотографии од загинатите и транспаренти со повици за одговорност. Организаторите најавија дека ќе продолжат со протестите сè додека, како што наведоа, не добијат „фер и брза правна разрешница“ за случајот.

 

Related posts

Украина се согласи да разговара со Русија на белоруската граница, соопшти кабинетот на Зеленски

ninja

Нуклеарен армагедон: Земјата ќе биде запалена а бетонот ќе се топи

admin

Мицкоски се поврзува со ист број на финансиски скандали колку сите негови заменици заедно

admin

Ова е најсофистицираниот вирус за шпионажа

admin

НАЈСКАПИОТ КИЛОМЕТАР ОД КОРИДОРИТЕ 8 И 10-Д ЌЕ ИЗНЕСУВА 18, 4 МИЛИОНИ ЕВРА

ninja

„КРАЈ НА ИМПРОВИЗАЦИИТЕ“ ИЛИ НОВА КОНТРОЛА? Законот за образование ја дели јавноста

admin