10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци во случајот со смртта на скопјанка и нејзината ќерка

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи утврдил пропусти во постапувањето на 39 полициски службеници по пријави за семејно насилство поврзани со случајот на Ивана Јовановска од Скопје, која на почетокот на март почина по пад од балкон заедно со својата шестгодишна ќерка, соопштија властите.

Известувањето за утврдените пропусти е доставено до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и ќе биде разгледувано од обвинител во специјализираното одделение задолжено за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Според МВР, полициските службеници не постапиле соодветно по претходно поднесените пријави за семејно насилство против сопругот на починатата.

Од обвинителството потврдија дека известувањето е примено и дека ќе се преземат понатамошни дејствија во согласност со надлежностите.

Во меѓувреме, во Основниот кривичен суд Скопје започна судењето против сопругот на Јовановска, кој се товари за повеќе кривични дела. Обвинетиот призна вина за нанесување телесна повреда и загрозување на безбедноста, но не и за делото „наведување на самоубиство“.

Судењето го води судија Ивица Стефановски, а следното рочиште е закажано за утре.

Related posts

Американската влада објави нови НЛО-досиеја: Што содржат тајните документи?

admin

Јовески повикува на истрајност во борбата против криминалот

admin

ДАЛИ ВЛАСТА ПАК ЌЕ КУПУВА ВЛИЈАНИЕ ВО МЕДИУМИТЕ?

ninja

СЕ ЗАКАНУВА ЛИ ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ САД И ЕУ?

ninja

Мицкоски под притисок пред реконструкцијата: СДСМ обвинува за „тендер-коалиција“

admin

Апелација му го врати пасошот на Јахоски за патување во Истанбул, и покрај истрагата за ТЕЦ Неготино

admin