8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Катица Јанева и Стевче Јакимовски ставени на “црната листа” на САД

Стејт департментот на САД ги стави денеска на “црната листа” бившата специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева, актуелениот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски како и поранешниот градоначалник на Качаник, Косово, Џабир Жарку, пренесува Инбокс7.

Според Вашингтон, нивните постапки го поткопаа владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади.

“Во нејзиното службено својство на поранешен специјален главен обвинител во Северна Македонија, Јанева беше вмешана во коруптивни дејствија, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист. Има веродостојни информации дека Јанева побарала и примила поткуп за да влијае на обвинителството под нејзина надлежност”, се вели во соопштението на Стејт департментот.

За Јакимовски се вели дека во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на неговата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да има корист за себе и за неговите соработници.

Во своето службено својство како градоначалник на општината Качаник во Косово, за Жарку се тврди дека бил вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата позиција да се меша во процесите на набавки за незаконски да дозволи изградба на имот во сопственост на општината, за да има корист за себе и за неговите соработници.

“Овие ознаки ја потврдуваат посветеноста на САД за поддршка на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции на целиот Балкан. Одделот ќе продолжи да ги користи сите достапни овластувања за промовирање на одговорност за корумпираните актери во регионот и на глобално ниво”, се вели во соопштението.

Покрај Јанева и Јакимовски, Стејт департментот ги стави на листата и членовите на нивното потесно семејство – двата полнолетни синови на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски, и сопругата и возрасните сина на Јанева, Венци Јанев и Лазар Јанев.

Овие дејствија ги прават Јанева, Јакимовски, Жарку и членовите на нивното потесно семејство генерално неподобни за влез во Соединетите Држави, се прецизира во соопштението на Стеј департманот на САД.

Related posts

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

Белата Куќа одби помилување на синот на Бајден

admin

Нетранспарентноста во јавните набавки, „главоболка“ за компаниите: Бизнисмените ретко се жалат кога се незадоволни од тендерите

admin

Идејата на Зеленски за рехабилитација на украински деца и војници се разгледува во Скопје

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

„Солунската декларација“ – што донесе по две децении?

admin