8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кој кому му служи за изборите?

Обвинувањата меѓу опонентските партии на Албанците ја рефлектираат ВМРО-ДПМНЕ во стожерен субјект околу кој се престројуваат нивните одлуки.

Заради интерес на ВМРО-ДПМНЕ или заради умилкување кон неа? Во ваков наратив течат обвинувања меѓу двата опонентски блока во кампусот на партиите на Албанците, во пресрет на двојните избори. Од крилото на Зијадин Села во повеќе наврати тврдеа дека поделба во Алијанса за Албанците е посакувано сценарио од ВМРО-ДПМНЕ. Притоа се повикуваа на тв-изјава на Христијан Мицкоски („она што ќе остане од Алијанса за Албанците“) како доказ – не за „предвидување“, туку за форсирање на таков епилог. На списокот е и обвинувањето дека кандидатурата на Таравари е провокација за да мора и ДУИ да номинира свој претседателски кандидат.

Зијадин Села овие тези ги поткрепуваше и со фактот што Таравари од партиските структури и од него лично бил прашуван дали е заинтересиран за кандидатура за претседател, на што добил одговор: „Не, на никаков начин“, а потоа без консултации се кандидирал.

„Се прашувате ли кој е тој што му дал наредба? Бившиот претседател на Алијанса за Албанците се користи само како марионета за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, ништо друго“, изјави неодамна Села.

Видливо дистанцирање

Од друга страна, пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, од крилото на Таравари, во интервју излезе со тврдење дека токму со кандидатурата на Османи, ДУИ ѝ прави услуга на ВМРО-ДПМНЕ и се обидува да ги врати старите врски со партијата со која долги години заедно владееле.

„ДУИ ги има сигналите, индициите дека господинот Пендаровски не може да стане претседател и затоа сега се дистанцира. Со кандидатурата на Бујар Османи сака да се дистанцира од Пендаровски и да пристапи кон концептот на ВМРО-ДПМНЕ. Не може директно да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, тоа би било самоубиство, туку индиректно го поддржуваат, односно да ги обноват старите врски што ги имаа за време на 11-годишната власт. Значи, ако некој е близок до ВМРО-ДПМНЕ, тоа апсолутно не е Алијанса за Албанците, тоа е кандидатурата на Бујар Османи“, изјави пратеникот на ТВ Алсат.

Според Снопче, Ахмети го жртвувал Османи вметнувајќи го во претседателската трка.

„Пред да ја објават кандидатурата на Арбен Таравари, ДУИ најави дека не е време за претседател Албанец. Два-три дена пред кандидатурата на господинот Таравари ова го кажа премиерот господинот Талат Џафери. Па зошто ДУИ го смени овој став? Други објаснувања нема, тие се во паника и во знак на паника решија да го жртвуваат Бујар Османи“, вели пратеникот.

Сериозност на кандидатурата

Во обидот секој секого да го претстави како марионета на друг, вистинските мотиви за кандидатурите остануваат „прашање за милион долари“. Самиот кандидат, Бујар Османи, како образложение за одлуката на ДУИ него да го кандидира, ја посочи серизноста на сопствената кандидатура.

„Сериозноста на кандидатурата – тоа беше причината“, рече Османи на ТВ Телма, објаснувајќи дека ниедена партија немала кандидат со такво искуство – и домашно, и меѓународно – како неговото. Не одговори дали ако не успее да влезе во вториот круг ќе ги повика гласачите да го поддржат Стево Пендаровски, туку најави дека работи тој да влезе во вториот круг.

Повикот на Ахмети – „давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот“ (а побара уставни измени за избор на претседател и заменик претседател на државата во Собранието, и вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот), сега наиде на своевидна релативизација во однос на барањето за избор на претседател во Собранието. Според Османи, тоа не било условување, туку само предложена идеја што ја пласирале во јавноста, за која ќе се разговара со сите во наредниот период.

Нема компромис за уставните измени

Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на Колицијата „Вреди“ (Европски сојуз за промени) исто така смета дека постои реална можност да оди во вториот изборен круг, но и дека нема компромис со барањата за уставни измени. „Врз основа на анкетите што сме ги правеле, постои реална можност да одам во вториот круг. Според статистиката и последниот попис на населението, 54% се Македонци, околу 31% се Албанци и 15% се припадници на другите етнички групи. Нашата главна цел се секако Албанците и тука очекуваме најмногу гласови, но нашата кампања ќе таргетира и гласови на другите малцинства, како што се Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, а ќе таргетираме и гласови од Македонците“, рече Таравари на ТВ Коха.

Во однос на неговата програма, вели дека се заснова на 4 столба. „Главната точка ќе биде европскиот пат на Северна Македонија, втората точка ќе бидат уставните измени. Ние сме кажале дека уставните измени се важни и дека треба да се внесе и бугарското малцинство во Уставот, за ова нема да се прави компромис во преговорите за формирање на влада, како и да се тргне ‘20%’ за албанскиот јазик. Исто така ќе инсистираме претседателот да се избере во Собранието. Третиот столб ќе биде владеењето на правото, а четвртиот столб е регионалната соработката и стабилност“, изјави Таравари.

Иако има шпекулации дека партиите на Албанците би можеле да го бојкотираат вториот изборен круг за претседател доколку во него не влезе нивен кандидат, според аналитичари, поверојатно е дека тоа нема да се случи. Прво, затоа што пред себе ќе ги имаат бројките од гласањето во првиот круг, односно лакмусот за нивната политичка тежина пред парламентарните избори, резултат кој можеби ќе сакаат да го „авансираат“ со подршка за претседателскиот фаворит, а со цел да си трасираат и простор за сигурна коалициска соработка по праламентарните избори.

Иако официјално може да ги повикаат гласачите сами да се определат дали и за кого од фаворитите во вториот круг ќе го дадат својот глас, не е исклучено дека зад сцената партиските структури може да добијат и конкретни насоки./DW

Related posts

Русија развива антисателитско нуклеарно оружје

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin

Николај Крастев: Уставните измени не се прават со бугарски диктат, Русија сака да го држи регионот надвор од ЕУ

admin

Пендаровски со втора реакција: Чудно е зошто ВМРО-ДПМНЕ не разбира што се случило во петокот

admin

Титоизам за секаква употреба против РСМ

admin

(Не)разрешувањето на Беса Адеми – нов испит за Судскиот совет

admin