8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНСВЕТ

Локални избори во Турција, главната политичка битка се води за Истанбул

Во Турција се одржуваат локални избори во недела, на кои АК партијата на долгогодишниот претседател Реџеп Тајип Ердоган се обидува да ја врати контролата врз Истанбул, најголемиот град во Турција. Исходот од изборите може да ја одреди иднината на Турција. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предводи кампањата на неговата Партија на правдата и развојот за избор на Мурат Курум за градоначалник на Истанбул на неделните избори.

Курум ветува дека ќе изгради половина милион нови куќи за да го заштити Истанбул од заканата од земјотреси.

Актуелниот градоначалник Екрем Имамоглу од главната опозициска Републиканска народна партија, предупредува дека враќањето на владеењето на Партијата на правдата и развојот ќе резултира со неконтролирана градба.

„Овие избори се важни за решавање на нерешените урбани проблеми, проблеми кои беа зголемени”, вели Имамоглу.

Шокантната изборна победа на Имамоглу во 2019 година стави крај на 30-годишната доминација на Ердоган врз градот. Тоа беше можно благодарение на широкиот изборен сојуз на прокурдската партија и турските националисти.

Но, тој сојуз пропадна откако не успеа да го победи Ердоган на минатогодишните претседателски избори.

„Се раздели опозициската коалиција. Сега сите сега имаат свој кандидат. Тоа е доказ за одличниот капацитет на Имамоглу за водење кампања и за дебитантските грешки на Мурат Курум дека или е мртва трка или Екрем Имамоглу е понапред за неколку поени”, вели Атила Јешилада од „ГлобалСурс Партнери“.

Кампањата на Имамоглу објавува видеа на курдски јазик во кои се повикува на гласање на Курдите во обид да го обнови неговиот изборен сојуз.

Со оглед на тоа што опозицијата сè уште се оптеретува од минатогодишниот изборен пораз, задржувањето на Истанбул, велат аналитичарите, ги зголемува шансите повторно да го предизвика Ердоган.

„Локалните избори во март 2024 година даваат надеж дека опозицијата може уште еднаш да се мобилизира и барем да заштити дел од просторите за дишење во метрополите. Во овој момент е важно опозицијата да се заштити себеси, да ја заштити надежта дека може да има, некогаш во иднина, вистинска промена во општеството и во политиката”, смета Сезин Онеј од „ПолитикЈол“.

Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu of the opposition Republican People's Party (CHP) addresses supporters during a campaign rally, in Istanbul, Turkey, March 21, 2024.
Istanbul Mayor Ekrem Imamoglu of the opposition Republican People’s Party (CHP) addresses supporters during a campaign rally, in Istanbul, Turkey, March 21, 2024.

Додека јавното незадоволство расте поради двоцифрената инфлација, Ердоган ја обиколува земјата, повикувајќи ги приврзаниците да ги повикаат своите пријатели и роднини во Истанбул да гласаат.

„Ако Ердоган го освои Истанбул, опозициските гласачи никогаш нема да се занимаваат за да се пријават на гласање. И тогаш што и да има намера да направи Ердоган, на пример, да си додели трет мандат ќе биде многу полесно поради занемарувањето на гласачите. Имамоглу е најблизок негов ривал на наредните претседателски избори”, додава Јешилада.

Аналитичарите велат дека победата во Истанбул дополнително ќе ја заостри контролата на власта на Ердоган. За Имамоглу, победата ќе ги потврди неговите ингеренции како човек кој може да го победи Ердоган. /VOA

Related posts

Максим Саморуков, аналитичар: Русија не му нуди никаква позитивна агенда на Балканот

admin

Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Северна Македонија во ЕУ

admin

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Греам вели дека Турција станува „одред“ на НАТО

admin

МАЛ НАПРЕДОК“ ИЛИ ШАНСА ЗА „ИСТОРИСКИ ДОГОВОР“?

ninja

Нуклеарното вселенско оружје на Русија е ризик за сите

admin