13.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нема да се произведуваат електрични автомобили во Тетово, раскинат договорот со Е.ГО

Тетово нема да произведува електрични автомобили. Договорот со компанијата е раскинат заради проблемите со кои се соочува инвеститорот.

“Дирекцијата за ТИРЗ како застапник на Владата во Договорот за доделување на државна помош со компанијата е.Го информира дека се запира извршувањето на Договорот и секоја постапка предвидена за доделување на јавни средства.”, соопшти ТИРЗ.

Запирањето на доделувањето на државна помош следи по добиени јавно достапни информации за поднесено барање за “несолвентност на компанијата „мајка“ во СР Германија”.

“Барањето е поднесено пред надлежните судови во оваа земја. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата ги активира заштитните механизми во потпишаниот договор, кои ги предвидуваат и овие околности (стечај, ликвидација), како предуслов за запирање на доделување на државна помош”, се вели во соопштението.

Имајќи го предвид интересот на граѓаните, ТИРЗ информира дека, и покрај доставените барања од страна на инвеститорот, досега не се доделени никакви средства на компанијата.

“За сите понатамошни чекори поврзани со овој проект и натамошните активности околу евентуалната реализација Дирекцијата за ТИРЗ, како застапник на Владата во овој договор, како и досега, ќе дејствува целосно во заштита на јавниот интерес и навремено ќе достави информации.”, се вели во соопштението на ТИРЗ.

Во август 2022 година високи владини претставници поставија камен-темелник за нова фабрика „Некст е.Го мобиле“, во која требаше да се произведуваат електрични автомобили.

Тогаш беше најавено дека фабриката ќе вработи 900 луѓе, а инвестицијата ќе биде вредна 130 милиони евра, при што беше најавена и државна помош.

Таа требаше да се гради во ТИРЗ Тетово и годишно да произведува 30.000 електрични автомобили.

Related posts

СПАСОВСКИ ЌЕ ГИ НАГРАДИ ПОЛИЦАЈЦИТЕ КОИ БЕА НА ТЕРЕН ЗА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА РОДЕНДЕНОТ НА ДЕЛЧЕВ

ninja

Ковачевски: Добро е што опозицијата не е против уставните измени

admin

САД развила гравитациона бомба, една детонација може да убие еден милион луѓе

admin

Со реформи на Изборен законик земјата добива 4.3 милиони евра од ЕУ

admin

Царините на Трамп го погодија европскиот луксузен сектор, акциите во пад

admin

Агелер: Судски совет треба да ги казнува оние кои мислат дека се над законот

admin