8.8 C
Скопје
24 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Уставниот суд тежи 2 милиони евра, Татјана Васиќ-Бозаџиева 10 пати побогата од Фатмир Скендер

Центарот за истражувачко новинарство „СКУП – Македонија“ во рамки на проектот „ПЕП“  ги анализираше податоците од имотните листови на членовите на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Кој е најбогат, а кој најсиромашен член на Уставниот суд и што се пријавиле уставните судии.

Изготвил: Тим на СКУП Македонија

Уставната судијка, Татјана Васиќ-Бозаџиева пријавила најголем имот во анкетниот лист во вредност од 431.893 илјади евра што ја прави најбогата во конкуренција на останатите членови на Уставниот суд на РСМ.  Најголем дел од пријавениот имот е во сопственост на нејзиниот брачен другар. На негово име пријавила четири стана во Скопје, стекнати врз разни основи, земјоделско земјиште во Радовиш, две земјишта под објект во Скопје, две гаражи во Скопје и помошни простории. Две возила „Мерцедес“ и „Пијаџо“. На име на брачен другар има пријавено и акции, побарувања по основ на дадени заеми  и рента. Поседува и осум трансакциски сметки, дозволено пречекорување на сметка, кредит. Васиќ-Бозаџиева на свое име пак  пријавила само стан во Скопје и моторно возило „Пежо 307“. Поседува трансакциски сметки и долг на име кредит. Во своја сопственост има пријавено и сеф. На име заеднички имот пријавила куќа за одмор во Маврово.  На имот деца пријавена е  трансакциска сметка.

Пред да биде избрана, неделникот „Фокус“ пишуваше за Татјана Васиќ-Бозаџиева. Во објава на веб-порталот е наведено дека Васиќ-Бозаџиева како Уставна судијка доаѓа од Министерството за правда каде  работела како државен советник за граѓанско законодавство. Сепак нејзината богата биографија е со долг стаж во здравствениот сектор. Неделникот „Фокус“ наведува дека години наназад Васиќ-Бозаџиева „палела и гасела“ во министерството за здравство. Нејзината моќ во министерството за здравство била толку голема, така што сите битни работи оделе преку неа или се чекал нејзин потпис. Била на листата на државни советници на поранешениот прв човек во здравството Никола Тодоров, но останала да работи и по доаѓањето на Венко Филипче, можеби не на истата позиција. Во здравство работела се додека не отишла во министерството за правда во периодот кога со него раководеше министерката Рената Дескоска. После тоа, повторно се враќа како специјална советничка на Филипче во здравство.

Фатмир Скендер  „најсиромашен“ од уставните судии 

Уставниот судија Фатмир Скендер пријавил „најсиромашен“ анкетен лист. На свое име, Скендер пријавил куќа, двор во Центар Жупа и две ливади стекнати со наследство.  Пријавил акции и дивиденда. На име долгови Скендери пријавил два кредита и една кредитна картичка.

Пред да биде избран за Уставен судија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски  за Скендер изјави дека ретко кој од пратениците го познава, а требало да го гласаат за уставен судија.

„Само еден пратеник стана да каже позитивно мислење за него, само пратеникот од турската партија, ниту еден друг пратеник не го познава Скендер, и токму затоа се чувствуваме хендикепирани како да гласаме за него и не ни е јасно зошто владејачкото мнозинство не се согласува да одвоиме два часа во кои што овие кандидати за уставни судии би имале можност да се претстават“, изјави Милошоски во емисијата „Утрински брифинг“, пренесува порталот 360 степени.

Во регистарот на ДКСК го нема анкетниот лист на новоизбраната Уставна судијка, професорката Ана Павловска-Данева

Месец и половина од изборот за Уставен судија, анкетниот лист на професорката Ана Павловска-Данева се уште го нема во регистарот на анкетни листови на Државната комисија за спречување на корупција. Доколку пребарувате во регистарот на сајтот на ДКСК, не можете да го пронајдете анкетниот лист на новата уставна судијка.  Дали се уште нема поднесено анкетен лист или ДКСК го нема вметнато во сопствениот електронски регистар останува да видиме?

Уставната судијка Елизабета Дуковска единствена пријавила оружје

Уставната судијка Елизабета Дуковска е единствена судијка во Уставниот суд што пријавила оружје во анкетниот лист. Станува збор за ловечка пушка стекната со наследство.

Уставниот суд на РСМ брои 9 членови. Податок за вредноста на имотот поседуваме за осум од нив, чиј имот има вредност од  2.011.713 илјади евра.

 

 

Извор: pep.scoop.mk

Related posts

Владата даде 32,5 милиони евра за проекти во 44 општини

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin

Руска „остра моќ“ во Македонија по инвазијата врз Украина: Од зборови на дела

admin

Почина Тото Котуњо

admin

Драстично намален бројот на невработени млади

admin

Села жестоко удри по албанските опозициски партии

admin