16.3 C
Скопје
17 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Катимерини: Договорот од Преспа оспорен во предизборната дебата на Северна Македонија

Лидерот на најголемата опозициска партија во Северна Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер, тој ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата, пишува грчкиот весник Катимерини, пренесува Инбокс7.

Весникот известува дека за време на телевизиската дебата во средата пред парламентарните избори што се очекуваат на 8 мај, Димитар Ковачевски, лидер на владејачката Социјалдемократска партија (СДСМ), изрази загриженост поради одбивањето на лидерот на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го користи уставното име на земјата.

Според грчкиот медиум, Ковачевски рече дека ова одбивање може да предизвика проблеми со Договорот од Преспа од 2018 година, кој, со поддршка на ОН, го смени името на Поранешна Југословенска Република Македонија во Северна Македонија.

„За мене Македонија е и ќе остане Македонија. Моите предци би биле горди на мене за она што го правам за мојот народ и за мојата земја“, рекол Мицкоски според Катимерини.

Весникот пишува дека последните анкети покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори, кои се совпаѓаат со вториот круг од претседателските избори во земјата, каде актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, ќе се соочи со Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Related posts

Новата развојна банка БРИКС го овласти Алжир да се приклучи

admin

Ердоган и Киличдароглу одат во втор круг, кои се нивните стратегии?

admin

Османи во Мостар се фати за гитара

admin

Кога ќе се смират бранувањата за „Преспа“?

admin

Проруски свештеник избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

admin

Командант на КФОР: Да не интервениравме во Косово, сега ќе ги оплакувавме мртвите

admin