Лидерот на БЕСА, Билал Касами, вели дека косовскиот премиер не можел да учествува на средбата со дијаспората во Берлин, Германија, бидејќи “маневрите што Србија ги прави на границата со Косово го спречиле да дојде”.
Тој додаде дека е оневозможено доаѓањето на Албин Курти, но не и на косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу.
„Случувањата, најголемите маневри што Србија ги прави на границата со Косово, го спречија Албин од Самоопределување да биде тука, но не ја спречија Албулена“, рече Касами.
Високиот функционер на Движењето Самоопределување, која е и министер за правда на Косово, Албулена Хаџиу од Берлин, истакна дека изразуваат силна поддршка за Арбен Таравари и ВЛЕН за претседателските и парламентарните избори.
Според неа, и покрај тоа што премиерот Курти не можел физички да биде присутен во Берлин, знаете, рече таа, дека „коалицијата ВЛЕН ја има безрезервната поддршка од премиерот Курти и од целото Движење Самоопределување“.
„Ни остануваат уште неколку дена да стигнеме до победата. За да имаме победа во Северна Македонија, мора да имаме претседател Арбен Таравари, како и влада која им служи на граѓаните на Северна Македонија“, изјави Албулена Хаџиу.
Таа додаде дека е убедена дека и на Косово, каде Самоопределување докажа дека има моќ која не краде и не им штети на граѓаните, коалицијата ВЛЕН ќе им биде партнер и дека нема да им служи само на граѓаните на Македонија, туку и на иселениците”, рече Хаџиу.
Хаџиу рече дека ним, како и на Самоопределување, им треба заеднички фронт.
„Затоа ве замолувам да одите физички да гласагласа. Исто така ве замолувам да не одите само со девојките, жените, земајте ги и мајките затоа што на коалицијата ВЛЕН и требате за да ја поддржите сега и потоа нека ви служат континуирано долги години“, изјави Хаџиу.